сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 32
home Вести

Стојаноски: Тоа што oпозицијата го прикажа со ГаМа е само почеток, ниту еден закон кој ги засега парите на народот нема да им помине со нивните трикови

Стојаноски: Тоа што oпозицијата го прикажа со ГаМа е само почеток, ниту еден закон кој ги засега парите на народот нема да им помине со нивните трикови

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојански во интервју за КУРИР вели дека она со Макпетрол било само кулминација на едни процеси што се случуваат откако е установен овој собраниски состав. Имено она индиректно насилије кое што го спровеле мнозинството врз опозицијата на непочитување на ниту една одредба од деловодникот, ниту во рок закажување седници, ниту давање можност на пратениците да се спремат, буткање закони на сила, буткање закони со европско знаменце и да биде безобразието најголемо, се обиделе да протнат една незаконска спогодба, надвор од сите воспоставени норми, а тоа е Собранието да изгласа спогодба меѓу државата и Макпетрол, за на Макпетрол условно кажано да му се подарат 2 милијарди денари народни пари или 33 милиони евра за апсолутно нешто кое што е направено тотално противзаконски.

– Ниту постапката на разделба е направена како што треба, ниту вештачењето е направено како што треба. Тој гасовод е доста амортизиран, 25 години е стар, и ние сега условно треба заради одредени тесно политички интереси, да им подариме на таа компанија 33 милиони евра како што кажав, и ние изгледавме како да сме Собрание на акционери на Макпетрол, а не како да сме Републичко Собрание во кое што треба да се отвараат најважните теми за граѓаните, тврди Стојаноски.

– Еве конкретно ќе ми дозволите да направам една паралела, во моментот додека ова интервју се снима имаме можност, и ние поднесовме предлог да разговараме за состојбата на тутунарите. Е сега, тутунарите ќе имаат проблем, ќе се бараат донации за брза помош на Фејсбук, нема да има вакцини, последни на Балканот, последни во регионот сме кои што добиваме вакцини, ќе имаме апсолутно катастрофално сценарио во здравството, во образованието ќе се укинуваат предмети, народот ќе живее на минималец, а ние ќе ги богатиме тие компании за пасовни суми. Инаку еве да ви откријам една ексклузивна информација, таа сума на средства е предвидена за во овој буџет, кога ќе сме задолжени над 920 милиони евра и токму затоа Владата во сопствените приоритети издвојува дека треба да помага телевизии и блиски до нејзе, а не да го помага народот. Ние успеавме со сите демократски инструменти кои што ги имаме на располагање, морам да кажам имаше и индиректен притисок, ни се закануваа, ќе работиме до сабајле. Седницата траеше до 9 часот изутрина, еве ако сакате да верувате само 4 пратеници од мнозинството останаа, од оние закани декаа ќе не држеле, никој не се најде повикан да ни одговори дали нашите тврдења се такви или не, и се изгледаше дека тие луѓе кои што седеа биле директна партиска инструкција од Зоран Заев дека ова мора да помине бидејќи без разлика дека е протизаконито и дека утре некој може да одговара. Она што би сакал на крајот да го нотирам е дека таа спогодба има добиено и негативно мислење од државното правобранителство и за тоа утре некој може да биде повикан на одговорност. Така да ја искористувам можноста уште еднаш да апелирам до пратениците од мнозинството да не се надеваат дека вака спогодбите кои што се структуирани за една цел, да богатат олигарци блиски до власта ќе поминат неказнето и дека првиот момент коа ќе се врати правдата во оваа држава некој ќе биде повикан на одговорност, вели тој.

– До сумата 33 милиони евра се дојде преку тоа што со бирото за судски вештачења кое што е апсолутно не е надлежно да вештачи, има провештачено и има дадено таква сума. Реалната вредност на тој гасовод е 18 милиони евра. Значи ние како држава им подаруваме 14 милиони евра плус како што кажав на амортизиран гасовод, кои што е 25 години стар. Само за споредба, 1 километар нов да се изгради таков чини 400 илјади евра. Епа сега ние можеме проста математика да извадиме, ако за 25 километри гасовод им плаќаме 3 милиони евра, колку всушност ние ја наплатуваме целата таа работа. Еве ќе се повикам на едно експертско мислење, за среќа имаме таква можност, во собраниските клупи да е еминтен професор по право како Гордана Силјановска Давкова која што исклучиво тврдеше тврдење потпрено врз нејзиниот долгогодишен стаж како професор на Правниот факултет, еден од најценетите, а тука слободно би се повикал и на ставот на професорот Апасиев кој што е професор по Римско право, кои што укажуваат дека самиот наслов на законот е погрешен а не па суштината. И тоа како ќе има одговорност, и токму они сакајќи да ја пренесат таа одговорност на некој друг одбиваат да го потпишат, на таа спогодба не е потпишан ниту министерот за економија, ниту министерот за транспорт како ресорни министерства кои што ја одработуваат одблиску оваа тематика, не сакал да се потпише ни Зоран Заев и токму заради тоа сакаат да го пратат ова како кукавичко јајце во Собранието, за утре некој да биде абдициран од одговорност, ама тоа нема да се случи, заради тоа што не се работи за мала сума, а дури и да е за 1 денар, туку се работи за 2 милијарди денари пари на граѓаните кои што сега во оваа пандемија можат многу посуштински да се искористат, истакна пратеникот Бојан во интервјуто за КУРИР.

Стојаноски го даде својот коментар и за притисоците кои што ги добиваат од страна на мнозинството во Собранието.

– Прво мора да расчистиме дека она мнозинство тенко кое што го имаат е навистина тешко да се обезбеди, и тука ние поминуваме низ епизоди кои што би можеле вака доколку се обработат, да личат на добра траги-комедија. Често ако закажеме пауза од 15 до 30 минути, таа прераснува од пауза од 2 до 3 часа додека тие луѓе не го обезбедат потребното мнозинство. Инаку нивните добро познати форми на притисок се буткање на закони со сила со европско знаменце, условно кажано одреден филибастеринг на читање на партиски соопштенија кога треба да дебатираме за суштински проблеми на граѓаните. Европското знаменце во суштина го злоупотребуваат заради тоа што, еве да бидам појасен за граѓаните, тоа е една можност соглсно деловникот која што предвидува скратен рок за дебатирање на некој закон, дека колку и амандмани опозиција или било која засегната страна да поднесе, има само 3 дена да дебатира под тоа прашање и тука вие ја исклучувате можноста да се вклучат оние таргет групи кои што се засеганати со тоа законско решение или граѓаните, и на условен начин создавате дим на завеса и ја задушувате дебатата, и сите оние потребни насочни потреби кои шти ги има граѓанството или фелата која што ја обработува тој закон нема можност да ги администрира барањата и токму тоа е нешто кое што нотира и од извештаите од Европската Унија и е пракса која што мора да запре. Тука не се абдицирам од одговорност, тоа се случувале и од порано, ама не смеат одредени постапки кои што биле порано лоши да служат како изговор за создавање на нови пракси. Во политиката се е минливо, особено ако имате мнозинство кое што е волку тесно, а кога внатре имате верувајте огромно незадоволство од коалиционите партнери чии што барања не се исполнети, односно кои што биле излажани.

– Така да мене ми изгледа дека оваа селотејп коалиција, нема да трае уште долго а ваквиот начин на условно кажано вршење притисок врз опозицијата нема да успее од проста причини што тие луѓе не се навикнати да работат. Ова кое што беше прикажано од опозицијата во работата со Гама е само почеток и ниту еден закон кој што ќе го тангира народот или народните пари нема да им помине како што се надеваат или со нивните трикови. Ние имаме можност, ние сме за тоа избрани, тука да работиме да дебатираме, без разлика на колку часа, ние имавме можност и ги повикувавме седницата да трае се до оној момент додека е потребно, дали било тоа 20, 30, 40, 50 или 60 часа, но она што треба да го знае народот заслужува да го знае, ние како опозиција тоа ни е суштината во парламентот, посочи Стојаноски.

Целото интервју на Бојан Стојаноски за КУРИР може да го проследите во продолжение.

Коронавирус