четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 86
home Вести

Стојаноски: Станавме држава за потсмев, тоа што не е започната вакцинацијата ја отсликува мизеријата во која СДСМ ја западна Македонија

Стојаноски: Станавме држава за потсмев, тоа што не е започната вакцинацијата ја отсликува мизеријата во која СДСМ ја западна Македонија

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски во „Утро со Златев“ на Радио Лидер во однос на тоа што власта организираше спектакуларен настан за донација од 4600 вакцини и што се уште не се пристигнати никакви други вакцини и сме една од последните земји без вакцинација, истакна дека тоа една од најголемите катастрофи на СДСМ, станавме држава за потсмев, а тоа ја отсликува мизеријата во која СДСМ ја западна државата.

– Добро е што Македонија има пријатели и луѓе кои што се спремни да и помогнат. Но тоа е одлика и приказ на мизеријата во која што е западната Македонија и не само во здравството, туку во социјалата, во образованието, во економијата. Станавме држава за потсмев, граѓаните се срамат од оваа влада, изјави Стојаноски.

Тој додаде дека додека власта лажеше за 820.000 вакцини, а потоа се надеваше на помош од Бугарија и Грција, но од тоа не видовме ниту една вакцини, а за разлика од нас Србија досега има над 2 милиони, а започна и со ревакцинација.

– Денеска во Србија ќе пристигнат 40.000 вакцини на Фајзер, во недела 120.000 од АстраЗенека, а досега има Србија обезбедено 2 милиони вакцини, над 500.000 се вакцинирани наголемо почнува ревакцинацијата. Кај нас во декември Заев изјави дека сме платиле аванс за 820.000 вакцини, а каде се тие вакцини, кому е платен авансот и колку пари се платени. Потоа Венко Филипче во Софија велеше дека Бугарија од секоја пратка на вакцини ќе дава дел за нас, исто така и со Атина, а гледаме дека ништо од тоа не е пристигнато, потенцираше Стојаноски.

Тој нагласи дека доколку власта преговараше навреме, тогаш Македонија ќе започнеше со вакцинација уште во декември, но неспособноста на власта, граѓаните ја плаќаат со своите животи.

– Околу 3.000 луѓе го загубија животот. Ако почневме во декември да вакцинираме како што почнаа земјите од регионот, ќе спасевме многу животи, оваа нивна неспособност чини многу животи. Велат дека сме биле мала земја, ама Малта и Гибралтар имаат повеќе вакцини од нас, а и тие се мали. Треба работа, требаше од почетокот да преговараат, да потпишат договори со производителите, ќе се спасеа многу животи досега, дециден е Стојаноски.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија