вторник, 11. август 2020. Вести денес: 49
home Вести

Стојаноски: Се обврзуваме во Проектот за Обнова на Македонија на многу нови проекти и мерки за спортот и спортистите

Стојаноски: Се обврзуваме во Проектот за Обнова на Македонија на многу нови проекти и мерки за спортот и спортистите

Кандидатот за пратеник во изборната единица 2 на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски на својата фејсбук страница сподели видео од посетата на еден од фудбалските терени кои што ги изгради претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ.

-Владата на ВМРО-ДПМНЕ сериозно вложуваше во спортската инфраструктура, во спортистите и науката на спортот. Во спортот ќе продолжиме да инвестираме и во иднина, вели Стојаноски во видеото.

Целосната објава може да ја погледнете во продолжение.

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја развива спортската инфраструктура.
Се обврзуваме во Проектот за Обнова на Македонија на многу нови проекти и мерки за спортот и спортистите. Една од мерките е мерката – Спортски денар.

Тоа значи дека од акцизата за малопродажбата на нафтените деривати ќе се издвојува по еден денар којшто ќе помогне за унапредување на спортот и спортската инфраструктура.

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да инвестира во спортот.

Обновата ќе победи!

Коронавирус