петок, 29. јули 2022. Вести денес: 0
home Вести

Стојаноски: СДСМ и ДУИ одбија три суштински амандмани со кои ќе го олеснеа животот на граѓаните

Стојаноски: СДСМ и ДУИ одбија три суштински амандмани со кои ќе го олеснеа животот на граѓаните

На првиот ден на амандманската расправа, мнозинството составено од СДСМ – ДУИ одби ТРИ суштински амандмани кои веднаш ќе го олеснеа животот на граѓаните и стопанството, напиша на Фејсбук пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

Со амандманите баравме:

– Да се обезбедат средства за намалување на ДДВ на храна на од 5% на 0%.
– Да се обезбедат средства за имплементирање на мерката за намалувањето на акцизата на течни горива за 50% и ДДВ за истото од 18% на 5%.
-Да се обезбедат средства за линеарно зголемување на платите од 2.806 денари за сите вработени во јавната администрација, амандман по барање на ССМ.

Владината коалиција нема капацитет да се справи со актуелните предизвици и треба ден поскоро да си замине.
ПРЕМНОГУ Е! Истакна Стојаноски.

Коронавирус