петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 54
Во живо

Изјава на Христијан Мицкоски во Штип

home Вести

Стојаноски: Самиот Заев призна дека „Викенд без ДДВ“ беше неуспешна мерка

Стојаноски: Самиот Заев призна дека „Викенд без ДДВ“ беше неуспешна мерка

Самиот Зоран Заев призна дека мерката Викенд без ДДВ е неуспешна, истакна денес пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

-Човекот кажа дека мерката е неуспешна, народот е сиромашен, купува само работи кои му се најважни. Ние не сме против таква мерка, ние предложувавме да има 4 викенди, но тука имаше владини функционери кои ветуваа обрт од 180-200 милиони евра, па кажуваа колку ќе се купува. Ние апелиравме и Пазарната инспекција да  излезе на терен, да не се качуваат цените. Родители може да сведочат дека нагло порасна цената на ИТ производите кои беа ставени на пазарот. Едноставно беше невозможно да се најде по таа цена лаптоп. Затоа ние предложувавме 4 викенди, да се постигне ефектот на мерката, порача тој.

Најнови вести

Коронавирус