четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 136
Во живо

Натпартиски протест за одбрана на црвените линии кои се последниот бедем на нашиот идентитет

home Вести

Стојаноски: Опозицијата дава предлози, аргументи се со цел да се стимулираат капитални инвестиции и да се заштити животната средина

Стојаноски: Опозицијата дава предлози, аргументи се со цел да се стимулираат капитални инвестиции и да се заштити животната средина

Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на денешната собраниска седница за финансирање и буџет истакна дека опозицијата се однесува крајно одговорно, дава предлози, аргументи се со цел да се стимулираат капитални инвестиции и да се заштити животната средина.

-Произнесовме доста тези и верувам дека ќе се согласите со мене дека од самиот почеток на креирањето на овој ребаланс на буџет, опозицијата се однесува крајно одговорно, се обидува со предлози, со на што смета дека треба да се направи со своите аргументи, да докаже дека некои работи ако смета дека не се така, дека не треба така да се прават и соодветно на тоа аргументираме сите амандмани што ги поднесовме беа со два мотива. Првиот беше за да стимулираме капитални инвестиции, добро знаете зошто го предлагавме тоа, заради тоа што сметавме дека само на тој начин и согласно нашите уверувања можеме побрзо да излеземе од оваа криза, а втората беше најголем дел од тие амандмани беа за заштита на животната средина. Денеска министерот за здравство, Венко Филипче напомена дека треба да се заштитуваме и една од целите на тие мерки за носење на маски на отворено е токму поради високото загадување и ПМ-10 честичките кои се трансмитери на овој вирус и голем дел од тие амандмани беа само за овие две работи, значи да стимулираме капитални инвестиции и да се заштити животната средина каде видовме дека со енормното загадување и те како влијае на ширењето на вирусот, рече Стојаноски.

Тој во своето обраќање посочи дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ сака да биде крајно конструктивни, но наиделе на агресија од страна на владејачката група.

-Би сакал 3 забелешки да кажам, од аспект на платите никој не вели дека таа мерка е лоша, но даваме аргументи, даваме предлози за да биде подобра. Заради големиот долг, намален е просторот и не е опфатен аспектот на компании кои може тоа да го користат, заради тоа што верувајте има доста компании, има доста работници кои во оваа мека не се опфатени иако во првите три сета можеа со големото задолжување кое видовме дека ќе биде и 70%, тоа веќе сега не е возможно. Апелиравме дека и картичките не го постигнуваат ефектот, а ефектот е да се зголемат приходите за буџетот, беа креирани првите три сета на мерки, а видовме дека приходите за буџет се паднати 12%. Ние апелиравме дека ако се зголемат капиталните инвестиции сите овие корисници на картички повеќе би сакале неколку месечно да примаат одредени плати, да имаат зголемување или стабилизирање приходите, а не едномесечно примање на паушал. И оние кои се одговорни за овие мерки, оние кои требаше да ги предлагаат не се задоволни угостителите, занаетчиите затоа апелираме не дека водиме инат, не дека ние сакаме ова да го укочиме, тоа воопшто не е така и таа теза на сите што ја пласирате не ви држи. Ние само сакаме со нашето знаење да дадеме препораки за сите овие препораки да бидат што е можно повеќе испланирани и искористени, а не да ни се случи повторно фијаско како со мерката „Викенд без ДДВ“, додаде Стојаноски.

Коронавирус