Пратеникот Бојан Стојаноски од редовите на ВМРО ДПМНЕ во гостување на радио Лидер кажа дека ниту еден дел од пописот кој планира да го спроведе владата не е според препораките на ЕУРОСТАТ и дека планираниот попис ќе биде една операција која е договорена однапред.
Ниту еден дел од овој попис не е согласно препораките од ЕУРОСТАТ. Aкo ние ставаме европско заменце ние се стремиме да идеме кон Европската Унија , ние тогаш мораме да ги почитуваме препораките на онаа институција која што е најповикана која што може да даде препораки како тој попис што ќе се одржи во државата да ги даде најдобрите и најконретните показатели или бројки. Ова ќе биде една операција која што е договорена однапред. Однапред се знае колку проценти ќе бидат едните колку ќе бидат другите потенцираше Стојаноски.
Тој истакна дека е многу веројатно да се појават ситуации каде села кои што во реалноста имаат 20 жители да бројат и по 3 до 4 илјади на хартија.
Ќе имаме села каде што имаат во реалноста 20 жители а кои што ќе бројат 3-4 илјади жители на хартија. Апсолутно не се почитуваат оние препораки на ЕУРОСТАТ па така да вие јас ќе можеме имајќи матични броеви од 20 лица и 20 лица да попишеме некои кој што 30 – 40 години не живее тука. Ние нема да попишуваме резиденти како сите нормални држави туку ќе попишуваме луѓе кои што имаат државјанство дополни Стојаноски.