сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 106
home Вести

Стојаноски: Моментално имаме 7 пати повеќе заболени од предвидениот пик

Стојаноски: Моментално имаме 7 пати повеќе заболени од предвидениот пик

Бојан Стојаноски пратеник во Собранието, на денешната собраниска седница упати критики до колешката од СДСМ Снежана Калевска -Ванковска поради ситуацијата со корона вирусот во Македонија и начинот на кој власта се справува со него.

Стојаноски посочи дека во моментот заболени од КОВИД-19 вирусот во Република Македонија активни има 2 078 а отприлика толку беа предвидувањата на здравствените власти за пикот, Стојановски упати жестоки критики поради промашените анализи или 7 пати повеќе моментално заболени од предвидениот пик.

„16.867илјади вкупно сме имале заболени од КОВИД-19 вирусот во Република Македонија. Активни моментално има 2 078 а отприлика толку требаше да биде пикот, починати имаме 705, или 7 пати повеќе имаме заболени од предвидениот пик. Можете во вашите излагања да додавате епитети колку сакате но ова се бројките кои што додека вие говоревте јас ги проверив на Фејзбук страната кај министерот за здравство Венко Филипче‘‘, нагласи Стојаноски

Стојановска истакна дека тој и опозицијата се во Собранието поради народот и ќе се борат ваквата ситуација со коронавирусот да се надмине, тој исто така рече дека се додека се вака лоши бројките и Македонија е на врвот во Европа по заболени и починати власта воопшто да не се надева дека ќе им дадат простор од 100 дена, туку напротив да работат на подобрување на ситуацијата со коронавирусот.

„Јас лично не сметам дека опозицијата ако реагира на вакви факти или на вакви ситуации е ловење на ситни политички поени, вие можете да се надевате дека 100 дена некој ќе ве остави на мира ама јас ќе ви кажам дека додека се вакви бројките, додека секој од салава или луѓето што се надвор од тука ќе уклучат на агрегаторите на вести тиме.мк Грид.мк и слично и ќе видат дека поентата од денешната прес конференција на министерот за здравство Венко Филипче е дека ситуацијата се влошува, нема да имате мир ниту една минута. Ние сме тука избрани од народот за тоа и ќе се бориме оваа ситуација или да престане или да се подобри.Така да морам да ве разочарам немојте да се надевате дека некој ќе ве остави 100 дена на мира додека бројките се вакви и додека сме лидери во регионот за вакви работи‘‘, заклучи Стојаноски

Стојаноски исто така нагласи дека слободно можат од мнозинството да направат истажувања за да и самите ја увидат ситуацијата со коронавирусот во Македонија и дали и колку успешно се справува Македонија во споредба со земјите од регионот.

Коронавирус