среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 1
home Вести

Стојаноски: Дното е пробиено и никој не знае до каде ќе плови овој брод

Стојаноски: Дното е пробиено и никој не знае до каде ќе плови овој брод

Лузните на телото се ништо во споредба на лузните што ги оставивте на народот и на државата.

Три години подоцна сменето е името на државата, целосна е исполнета Тиранската платформа, а полека историјата и јазикот се претопуваат кон нашиот источен сосед.

Секој зема тоа што му треба, а што го немал, само ние Македонците останавме со “куси ракави”, реагира Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

Во затвор останаа само Уставобранителите, се друго за сите можни злодела излезе.

Лузните на државата и народот кои настанаа со крадењето од невидени размери, од хиперпродукцијата на лаги и нечеснотии што секој ден излегуваат од устата на секој владин функционер, ќе не потсетуваат како никогаш повеќе да не се дава шанса на вакви луѓе.

Дното е пробиено и никој не знае до каде ќе плови овој брод.

Дали лузните го потсетуваа кога Катица и “чарлиевите ангели” од СЈО беа чеканот на неправдата ?

Или кога го прибираа рекетот од секој трет од државата ?

Веројатно лузните го потсетуваа и кога собираше двотретинско мнозинство за гласање на уставни промени ?

Или при создавањето на една телевизија чиј газда од после тврдеше дека не го познава ?

Па видовме дека имаат заеднички омилен француски бренд на чанти.

Сигурно мислел на лузните кога создавал “трас – трас” судство. Најверојатно најмногу мисли на лузните кога разгледува тендери и која фамилијарна фирма каде да добие, зошто прашањето на добитникот на тендерите заврши кога ја положи заклетвата за премиер.

Овој човек мисли само на лузните кои се појавуваат кога секое евро народни пари по некоја случајност нема да заврши кај неговиот брат.

Само тие лузни ги имаат и само тоа им е важно.

А лузните што ги има народот и држава, за се што се случи изминативе три години, е тие никогаш нема да се заборават.

Некои нажалост ќе траат вечно.

Ама ќе потсетуваат.

Ќе потсетуваат дека никогаш повеќе на Македонија не треба да и се случи фамилијата Заеви.

Ако сеуште барем малку сакаме да го задржиме правото да сме Македонци.

Лузните на телото се ништо во споредба на лузните што ги оставивте на народот и на државата.Три години подоцна сменето…

Gepostet von Бојан Стојаноски am Dienstag, 28. April 2020

Коронавирус