вторник, 21. септември 2021. Вести денес: 164
home Вести

Стојаноски: Концептот на ВМРО-ДПМНЕ е плата од 750 евра преку инвестиции во ИТ индустријата, блокчејн технологијата и дигитализација

Стојаноски: Концептот на ВМРО-ДПМНЕ е плата од 750 евра преку инвестиции во ИТ индустријата, блокчејн технологијата и дигитализација

Концептот на ВМРО-ДПМНЕ е плата од 750 евра преку инвестиции во ИТ индустријата, блокчејн технологијата и дигитализација, рече на прес-конференција пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

-Големи плати не се возможни со конвенционален пристап или со фабрики за горење на отпад и полиња со марихуана, туку со инвестиции во напредните технологии, ИТ индустријата и блокчејн. Нашиот пристап е да ја направиме Македонија привлечно место за ваквите компании од целиот свет, но пред се да ги мотивираме младите да работат на тоа поле, да отвораат старт ап компании и да го освојуваат светот на науката и модерните технологии. Со инвестиции во ИТ индустријата ќе дојдеме и до повеќе пари во буџетот, што ќе значи и поголеми инвестиции во инфраструктурата, образованието, здравството и другите витални сегменти за државата. Додека со високите плати ќе ја стимулираме и потрошувачката, што само по себе ќе биде мотор на економијата. Плата од 750 евра е возможна и ВМРО-ДПМНЕ докажало дека работи и гради. ВМРО-ДПМНЕ докажало дека го остварува ветеното, истакна Стојаноски.

Време е за одговорен пристап. Време е за Македонија за сите луѓе! Додаде тој.

Коронавирус