среда, 23. јуни 2021. Вести денес: 65
home Вести

Стојаноски: Ќе продолжам со уште посилно темпо во Собранието бидејќи борбата за Македонија мора да продолжи

Стојаноски: Ќе продолжам со уште посилно темпо во Собранието бидејќи борбата за Македонија мора да продолжи

Во синоќешното издание на дебатната емисија “Заспиј ако можеш” на ТВ Алфа синоќа гостуваше пратеникот во Собранието на Република Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски кој се осврна на моментални актуелни политички случувања, како и на лошите владини политики кои се забележуваат во секојдневнието на граѓаните на Република Македонија.

Стојаноски потенцираше дека неговото присуство во Собранието и активноста која што тој лично ја прикажува во пратеничките клупи, не е само по негова желба, туку тоа е она за кое што граѓаните гласале за него и ја дале довербата.

Според него, гласот на граѓаните мора да биде пренесен во Собранието и согласно нивните потреби да се концепираат амандмани и закони, кои ќе придонесат за подобрување на секојдневието на граѓаните.

Стојаноски додаде дека борбата за Македонија покрај тоа што се води на многу начини, се води и во Собранието. Тој посочи дека пратениците имаат задача да ја оправдаат довербата која што ја добиле од граѓаните и да се борат за нивните права и потреби.

-ВМРО-ДПМНЕ е најголемата политичка партија во Република Македонија и како таква мора да биде цврстата тупаница која што ќе удри на масата кога за тоа ќе биде потребно во Собранието, вели Стојаноски.

“Јас ќе се борам во Собранието со сите свои сили, аргументи и адути. Оваа Влада иако манипулира со граѓаните и ги прикажува работите како блескави, сепак во реалноста тоа не е така. Се соочуваме со хибриден режим и силен криминал насекаде во земјата и наша должност е тоа да го сопреме. ВМРО-ДПМНЕ има солиден тим во Собранието и затоа сметам дека ова е гарнитурата која што ќе влијае врз падот на оваа владина коалиција, која што речиси пет години ја урнисува државата”, додаде Стојаноски.

Тој синоќа порача: „Македонија е жртва на деградација, распродажби и понижувања, а моја должност е да се борам за Македонија и нејзиниот народ, бидејќи на крајот од денот, најважни се граѓаните и нивните проблеми, а не лукративните потреби на Заев и СДСМ“.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија