четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 89
home Вести

Стојаноски: Доколку власта не краде и не троши на луксуз ќе има пари за покачување на платите на работниците

Стојаноски: Доколку власта не краде и не троши на луксуз ќе има пари за покачување на платите на работниците

Кога се зголеми минималната плата ние укажувавме на ова што се случува сега, што правиме со врамнотежување на платите, како приватниот сектор ќе го издржи ова? Поднесовме амандман во кој побаравме да се почитуваат колективните договори, почитување на коефициентот на сложеност на работно место, баравме тоа да се почитува со закон, но власта не прифати и гледаме тоа донесе масовни штрајкови, изјави пратеникот Бојан Стојаноски во утринска емисија на Алфа телевизија.

Стојаноски истакна дека државата мора да најде начин да им помогне на работниците и стопанството, како да се зголемат платите, но и да се почитуваат нивните права, бидејќи пари за покачување на платите работниците има, колку и власта да негира.

– Владата мора и за јавниот сектор да го поднесе законот за административни службеници каде ќе се направи усогласеност на платите согласно коефициентот на сложеност на работно место. Тука се наметнува и прашање дали има средства, владата вели дека нема, но јас тврдам дека има. Ние ќе им укажеме дека доколку не се краде, доколку не се трошат пари на луксуз, ќе има пари да се помогне и на приватниот и државниот сектор, нагласи Стојаноски.

Стојаноски потенцираше дека ова непочитување на работниците од страна на власта го нотираше и меѓународната заедница.

– Во извештајот на Европската комисија е нотирана слободата на работниците која е оценета со нула. Тоа можевме да видиме претходниов период зошто е така. Брутални закани по синдикатите, уценување на синдикални лидери, секој ден на улиците има штрајкови, а владава нема намера тоа да го исправи, изјави Стојаноски.

Коронавирус