понеделник, 2. август 2021. Вести денес: 59
home Вести

Стојаноски: Додека Заев тврдеше дека Дончев дал оставка од здравствени причини сега вистината излезе на виделина

Стојаноски: Додека Заев тврдеше дека Дончев дал оставка од здравствени причини сега вистината излезе на виделина

Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишува дека Македонија ќе биде нормална држава на 15 јули.

-Секој ден станува јасно дека ниту еден случај на криминал сторен од структурите на власта, кој е поврзан со било какво противправно стекнување на материјални средства е искоординиран, одобрен и поттикнат од Зоран Заев.
Истиот тој Заев тврдеше дека Ден Дончев дал оставка од здравствени причини, за да сега излезе вистината на виделина. Повеќе од јасно е дека сите патишта на криминално изрекетираните пари од случаите “Рекет” и “Рекет 2” завршуваат кај семејството Заеви.
На 15-ти јули народот ќе даде “пас” за конечно менување и правно расчистување со овоќие криминални „елити“
Македонија ќе биде нормална држава, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Секој ден станува јасно дека ниту еден случај на криминал сторен од структурите на власта, кој е поврзан со било какво…

Gepostet von Бојан Стојаноски am Montag, 22. Juni 2020

 

Коронавирус