вторник, 20. август 2019. Вести денес: 88
home Вести

Стојаноски до МЗ: Дали паралелно сомнителниот тендер од половина милијарда за Клинички се вработуваат и по партиски клуч се делат специјализации на партиски послушници?

Стојаноски до МЗ: Дали паралелно сомнителниот тендер од половина милијарда за Клинички се вработуваат и по партиски клуч се делат специјализации на партиски послушници?

Додека државата ја тресе најголемиот коруптивен скандал во моментов, „Рекет“, поставуваме прашање до министерството за здравство дали паралелно сомнителниот тендер од половина милијарда за клиничкиот центар се вработуваат и по партиски клуч се делат специјализации на партиски послушници, истакна Синиша Стојаноски, претседател на Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

-Имено дали претходниот директор на здравствениот дом на само ден пред заминување од местото директор со неговиот своерачен потпис вработил 20 луѓе. Дали истите се вработени по партиски клуч и од партиски списоци, и дали воедно истиот ден се поделени решенија за специјализации од кои денес на јавноста ќе презентираме две. Дали на истиот тој список на нововработени се наоѓа и ќерката на главната сестра за превентива Здравствен Дом Скопје – работна единица Карпош, инаку истакнат партиски активист на СДСМ во Карпош? Дали гореспоменатата без ниеден ден на работен стаж како доктор добива специјализација по дерматовенерологија?, праша Стојаноски и додава:

„Истовремено, дали членот на комисијата за доделување специјализации при Здравствениот Дом, во исто време и советник за превентива во Здравствениот дом, самата на себе си доделила специјализација по неврологија. Дали сето ова вистина и дали за ова некој ќе поднесе одговорност? Дали и како е воопшто можно советник на директорот на Здравствениот дом сам на себе да си додели специјализација? Ги повикуваме надлежните институции сите овие сомнителни постапки да ги подложат на ревизија и секаде каде што постојат неправилности да бидат поведени соодветни постапки“.