петок, 4. декември 2020. Вести денес: 4
home Вести

Стојаноски: Александар Наумоски не запира да ги узурпира зелените површини во општината, на удар е и единствениот парк во Ѓорче

Стојаноски: Александар Наумоски не запира да ги узурпира зелените површини во општината, на удар е и единствениот парк во Ѓорче

Александар Наумоски не запира да ги узурпира зелените површини во општината. На удар е и единствениот парк во Ѓорче. Ова се фотографии од кои може да се види дека зграда ќе се гради во сред парк, а за таа цел ќе бидат пресечени и неколку дрва, ова денеска преку прес-конференција го истакна Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Наумоски даде дозвола за да се гради станбената зграда и деловни објекти и покрај противењето на жителите. Наумоски тврдеше дека не издал маркица за градба и дека од паркот нема да се одземе ниту милиметар, а ситуацијата е сосема друга, не милиметар, одземени се десетици метри. Покрај јавната површина која до сега беше парк, планирано е да се гради и на дел од приватен имот, каде сопствен имот има и таткото на Наумоски – Бранко.  Ова е извадокот од имотен лист, кој беше објавен во медиумите, од кој се гледа, дека Бранко Наумоски е сопственик на идеален дел од 1/2 на земјиште од 31м2, вели Стојаноски.

Тој прашува дали зеленилото треба да бидат жртва за парите на Наумоски? Дали уништувањето на паркот и зеленилото е заради остварување материјална корист  за Наумоски и неговата фамилија? Колкав е надоместот кој ќе го земе Наумоски за неговиот имот врз кој ќе се гради?

-Дека на Наумоски му е поважен бизнис интересот на поединци и личната материјална корист гледаме и по детското игралиште на само неколку метри од местото каде ќе се гради зграда, кое подолг период чека на реконструкција, додека власта е насочена на уништување на паркот. Ѓорче не гласаше за урбана мафија. Ѓорче сака работа и посветеност. Со промена на власта ќе има одговорност за овие криминали и сите кои ги прекршиле закони за да прибават лична корист ќе одговараат, рече Наумоски.

Коронавирус