сабота, 10. април 2021. Вести денес: 89
home Вести

Стојаноски: Ако власта сака да помогне на локалната самоуправа, треба да постојат механизми да народните пари се трошат каде што треба

Стојаноски: Ако власта сака да помогне на локалната самоуправа, треба да постојат механизми да народните пари се трошат каде што треба

„Ова е едно од оние би рекол мерките кои што го опфаќаше четвртиот сет на мерки, кои што можам да кажам дека уште сега од сега можеби незапочнат ќе ја доживее судбината како и останатите мерки, како што беше оној „Викенд без ДДВ“. Генерално се ветуваше дека во тие четири сетови на мерки ќе влезат кај народот 1.2 милијарди евра, но сепак на крајот можевме да видиме дека само 350 милиони евра се искористија, така да слично ќе заврши и ова. Со бројки тоа значи дека секоја година по овој основ во општините се влеваат 34 милиони евра, а сега по овој основ значи по оваа пресметка наместо 34 милиони евра ќе влезат 36 милиони евра. Односно само два милиони евра повеќе, кои што ако ги поделите на 80-тина општини, ќе испадне дека секоја општина и Градот Скопје ќе треба да поделат по 20.000 евра, а нема да биде така заради тоа што нема рамномерно да се распределуваат средствата. И ќе испадне дека некоја општина ќе земе две илјади евра, а некоја друга општина ќе земе многу повеќе“, појасни Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ на денешната собраниска седница.

Стојаноски додаде дека не е вистина дека ВМРО-ДПМНЕ не поддржува вакви решенија, но преку комисијата достави неколку предлози кои би требало парламентарното мнозинство да ги прифати за доброто на граѓаните.

„Ако видиме како завршуваат оние мерки кои што припаѓаат на овие сетови, евидентно е зошто имаме повеќе забелешки на овој Закон. Ајде вака да направиме една поширока ретроспектива од некои други законски решенија. Во 2018-тата година 97 милиони евра се должеле по основ на општините. Владата носи законско решение и околу 50-тина милиони евра ги анулира, доаѓа долгот отприлика 47, но еве две години подоцна долгот е сега 70 милиони евра што значи дека за две години долгот на општините се зголемил за 23 милиони евра. Што е поентата? Поентата е дека ако сакаме да вложуваме средства во локалната самоуправа треба да постојат механизми за овие народни пари да се трошат како што треба“, нагласи Стојаноски.

Стојаноски посочи дека парите за раздолжување нема да помогнат на локалната самоуправа. За да се помогне на локалната самоуправа треба да се исполнат дадените ветувања од страна на градоначалниците на СДСМ.

Коронавирус