вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 93
home Вести

Стојаноска: Зоран Заев е уценет човек, неговиот спас значи секојдневно тонење на државата

Стојаноска: Зоран Заев е уценет човек, неговиот спас значи секојдневно тонење на државата

Пратеничката и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска, утрово во „Добро утро, секое утро“ во Алфа телевизија , истакна дека Зоран Заев е уценет човек, кој во оваа драмолетка која ја приредува за јавноста се обидува само да се спаси себеси, а неговиот спас значи нови кризи и тонење на државата.

-Македонија по локалните избори се наоѓа во една лошо изглумена драмолетка во која главната улога ја има Зоран Заев знаеме дека оставката ја понуди и ја вети уште на 31 октомври, а се случуваа многу работи само за да го одложи заминувањето, а сведоци бевме на случувањата во Собранието кои треба да ги види и меѓународната заедница, а она коешто се случува месециве во Македонија е невидено и веќе народот не верува ниту во правен систем, ниту во институции во државата затао што се испостави дека Зоран Заев прави се што сака противзаконски и противуставно, критикуваше пратеничката.

Стојаноска вели дека она коешто викендов се случуваше со Алтернатива беше уште една кратка драмолетка којашто траеше десетина дена.

-Јас искрено не гледам како со министер за здравство или со директор во Фонд за здравствено и пензинско осигурување Алтернатива и Африм Гаши ќе влијаат врз интегративниот пат на државата, а Зоран Заев е уценет човек и неговите квалификации со пазарењето дојдоа до израз, тој веќе не знае што зборува и не знае што чита, а се фати како давеник за сламка, а неговиот спас значи секојдневно тонење на дражавата, посочи Стојаноска.

Пратеничката вели дека ваквиот начин на уценето раководење со државата ќе резултираат со ценовни шокови, здравствени кризи во енергетски кризи, но Заев нема никаков слух затоа што поважно му е да остане на власт.

-Ние сме како еден брод, кој е полн со дупки од секоја страна, ако со Алтернатива се затвори една дупка, ќе се отворат други, ова е пазар политика, решенија кои се тресат од ракав, а Заев за да се спаси себе жртвува се, па дури и Филипче кој да не заборавиме дека си поднесе оставка која никаде ја нема, а по трагедијата во тетовската болница сеуште нема ни извештај што се случило, а нема ни одговрност, а не снајде и уште поголема трагедија, но одговорност нема, исто како за наесреќата во Ласкарци каде надлежен министер беше Сугарески, одговорност немаше ни тогаш, а нема ни сега, критикуваше Стојаноска.

Коронавирус