понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 155
home Вести

Стојаноска: Заев знае дека прави криминал со поклонувањето на 33 милиони евра на Макпетрол, затоа ги тера пратениците да гласаат закон

Стојаноска: Заев знае дека прави криминал со поклонувањето на 33 милиони евра на Макпетрол, затоа ги тера пратениците да гласаат закон

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, по 21-но часовна дебата во Собранието на Република Македонија, засега, го спречија или оневозможија СДСМ да му подари 33 милиони евра на Макпетрол, за преку тоа Заев да добие доминација на Телма, изјави на денешната прес-конференција Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ.

Таа посочи дека Заев со народни пари сака да си купи медиумски простор, но и да го наполни џебот на еден олигарх.

Власта сака на мала врата, без доволно информации и консултации со јавноста, да изгласа закон со кој ќе му се признае на Макпетрол сопственост од 50% во гасоводот во Македонија и истиот да му се плати по енормно висока цена од 33 милиони евра, иако самата власт вели дека вредноста на влогот на Макпетрол е 18.8 милиони евра. Се поставува прашањето: Зошто Владата на Макпетрол сака да му плати екстра 14.2 милиони евра? Државниот правобранител не сакал да даде дозвола на премиерот Заев да го потпише договорот, зашто истиот е криминален. Заев знае дека тоа што го прави е нелегално и дека за тоа ќе има одговорност. Затоа ги тера пратениците со закон да му го легализираат криминалот, посочува таа.

Стојаноска додава дека никаде во светот и во правната наука не е видено спор да се решава со закон. Тоа е работа на судовите и медијаторите.

-Заобиколувањето на судските инстанци и вмешувањето на Собранието е доказ дека Заев е свесен за криминалот што го прави, но не му е гајле ниту за народот, ниту за народните пари. Важен му е само неговиот интерес. Заев го решава случајот преку Собрание, со закон, затоа што така мисли дека ќе се заштити од подоцнежна одговорност. Тоа што седницата траеше до 8 часот изутрина говори колку власта прави криминал. И тоа, за криминал ги користи институциите. Наместо Собранието да расправа зошто нема вакцини, зошто бизниси се затвораат, зошто луѓе остануваат без работа, за загадениот воздух, Собранието расправа за законот на Заев со кој подарува 33 милиони евра. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи да има за олигарсите, а да нема за народот. Тоа што не им успеа во текот на изминатото деноноќие, ќе се обидат да го направат повторно, но ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе биде тука и ќе се спротивстави на расфрлањето со народни пари, нагласи Стојаноска.

Коронавирус