петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 40
Во живо

Протест на ВМРО-ДПМНЕ против мафијата, за правда и слобода

home Вести

Стојаноска: За само пет дена народот ќе ги казни Филипче и Заев за лошите политики

Стојаноска: За само пет дена народот ќе ги казни Филипче и Заев за лошите политики

Носителот на листата во ИЕ 6 Дафина Стојаноска денеска во Гостивар оствари средба со дел од Комисијата за здравство при ВМРО-ДПМНЕ ОК Гостивар, како и со други здравствени работници од Гостивар.

Стојаноска потенцираше дека благодарноста кон здравствените работници е неизмерна поради тоа што изминатите четири месеци докажале со своите постапките дека се заколнати пред Хипократ, иако работат во несоодветни услови.

Здравствените работници велат дека се штеди на заштитен материјал кој е неопходен во борбата со Ковид – 19 вирусот, односно дека не се редуцираат временските распределби на здравствените работници со кои би се намалил ризикот.

Стојаноска вели дека доколку не се чуваат здравствените работници според сите протоколи, тогаш Гостивар ќе се соочи со дефицит од доктори во моменти кога ќе треба да се води борба со корона вирусот.

На одделенијата во општата болница во Гостивар не се исплатени ниту покачувањата кои докторите требаше да ги добијат во висина од 20%, што уште еднаш покажува за негрижата на актуелната власт во однос на здравствените институции.

Сето ова е последица на лошото владеење на здравствениот “супер херој”, кој наместо во заминување да излезе и пред граѓаните и да се извини за сите пропусти и грешки, тој снима партиски промотивни спотови во кои вели дека здравството цвета.

Стојаноска додаде дека за само пет дена граѓаните ќе имаат шанса да ги казнат Венко Филипче и Зоран Заев за сето зло кое го нанесоа и на здравствениот систем и на Република Македонија.

Македонија ќе биде исправена и горда, но само со луѓе кои со чесна намера сакаат да работат за својот народ.

Коронавирус