петок, 14. август 2020. Вести денес: 153
home Вести

Стојаноска: ВМРО-ДПМНЕ во програмата „Обнова“ има посветено доста труд и време токму за културата

Стојаноска: ВМРО-ДПМНЕ во програмата „Обнова“ има посветено доста труд и време токму за културата

Кандидатот за пратеник во изборната единица 6 на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска на својата фејсбук страница објави видео обраќање од пред Националната установа за култура во Гостивар.

-Од акцизите за нафта и нафтени деривати кои што СДСМ за време на тригодишно владеење, ги покачи дури два пати, владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе издвојува денар за спортот и денар за културата што ќе значи многу за овие две гранки, преку што ќе дојдеме до обнова за Македонија, истакна Стојаноска во објавеното видео.

Целата објава и видео може да ги проследите во продолжение.

Од пред Националната установа за култура во Гостивар денес истакнувам дека културата е многу значаен фактор за идентитетот и развојот на секоја држава.

ВМРО-ДПМНЕ во програмата “Обнова” има посветено доста труд и време токму за културата. Наши културни приоритети се:
– културниот идентитет
– културното наследство
– уметничкото наследство
– културните работници
– културните и креативни индустрии
– меѓународната културна соработка
– инфраструктура 2020-2030.

На 15-ти јули заокружете го бројот 14, за да имаме повеќе за секого, но и повеќе за културата во Македонија.

#ПовеќеЗаСекого
#ИсправиСеМакедонијо
#ОбноватаДоаѓа

Коронавирус