понеделник, 10. август 2020. Вести денес: 84
home Вести

Стојаноска: ВМРО-ДПМНЕ ќе стави крај на корупцијата и криминалот, доаѓа обновата на правосудството

Стојаноска: ВМРО-ДПМНЕ ќе стави крај на корупцијата и криминалот, доаѓа обновата на правосудството

Носителот на листата во ИЕ6 Дафина Стојаноска денеска од Гостивар ги потсети граѓаните за правото и правдата кои беа ветени, односно на хибридниот режим кој настапи во Република Македонија изминатите три години.

Стојаноска потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ во изборната програма има точно утврдени проекти и мерки преку кои ќе го врати на здрави нозе правосудниот систем во државата. Правосудниот систем ќе се темели врз демократија, на беспрекорна примена на владеењето на правото во државата, борба со корупцијата и неутрализирање на сите системски аномалии кои ги има во правосудството.

Македонскиот народ мора да биде еднаков пред институциите и секој подеднакво да одговара пред законот за секое сторено дело.

На граѓаните на Република Македонија мора да им се овозможи еднаквост и можност за системска поддршка на слободата и правата.

ВМР0-ДПМНЕ  се обврзува дека наместо измами, ќе донесе вистинска обнова. А, наместо криминал, корупција и рекет, ќе воспостави вистинска правда во Република Македонија.

Коронавирус