вторник, 17. септември 2019. Вести денес: 124
home Вести

Стојаноска: ВМРО-ДПМНЕ бара итна реакција од владејачкото мнозинство за решавање на загаденоста на воздухот

Стојаноска: ВМРО-ДПМНЕ бара итна реакција од владејачкото мнозинство за решавање на загаденоста на воздухот

Дафина Стојаноска, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ во вечерашното гостување во “Само вистина” појасни дека ВМРО-ДПМНЕ излезе со 12 точки предлог за решавање за состојбата за аерозагадување.

Таа му се заблагодари на Костадин Костадинов, портпарол и пратеник од редовите на СДСМ кој исто така гостуваше во емисијата, што конечно признал дека преку ноќ не може да се среди загадувањето во државата.

-Не може некој нас како партија да не обвини дека креваме лажен аларм. Да не е аларамантна состојбата немаше да продолжи распустот, немаше да се воведе бесплатен автобуски превоз, и треба да се согласиме дека сето ова не е доволно, потенцира Стојаноска.

Стојаноска образложи дека ситуацијата е повеќе од алармантна и треба сите да се вложиме во овој проблем, сите не засега подеднакво, а не одговорноста да се префрла на ВМРО што не направило кога било на власт.

-ВМРО-ДПМНЕ бара итна реакција од страна на владејачкото мнозинство затоа што тие се одговорни. Имаме министер за животна средина од ДУИ кој вели дека нема одговорност во справување со самиот проблем околу загадувањето, рече Стојаноска.

Најнови вести