четврток, 23. септември 2021. Вести денес: 144
home Вести

Стојаноска: Власта ветуваше живот за сите но на граѓаните им даде сиромаштија, а овозможи живот за луѓето блиски до власта

Стојаноска: Власта ветуваше живот за сите но на граѓаните им даде сиромаштија, а овозможи живот за луѓето блиски до власта

Не видовме ништо од ветените проекции, ниту пак видовме нешто од реализацијата на прифатените опозициски амандмани со кои така „искрено“ се фалевте како знак на добра волја и соработка со нас опозиционерите. Беа неколку од 10-тина до 20 амандмани тогаш прифатени , ама ако некој се запраша дали навистина нешто се реализира од нив, сигурна сум дека власта ќе ни каже дека имаме само погрешна перцепција,истакна Дафина Стојаноска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на собраниската седница.

Стојаноска додаде дека граѓаните кои починаа поради корона вирусот, починаа поради неспособноста на оваа власт. Оваа власт која иако не задолжи со милионски суми на евра во екот на КОВИД кризата сепак не успеа да купи ниту една вакцина се уште. А, тоа што власта задоцни со отпочнувањето на вакцинацијата која што ја ветуваше уште од декември месец минатата година, е тоа Македонија ја чинеше преку 3.000 починати лица.

– Вас не ве задоволуваат ниту милионите, ни власта, ни буџетите кои откако почнавте да ги креирате се секоја година поголеми и поголеми, па така стасавте со овој ребаланс до износ од 4.37 милијарди евра. Од лани до годинава ги зголемувате трошоците за 120 милиони евра. И сега наместо првичните 110 со буџетот 123 милиони евра ви се здравството, а 11.7 милиони евра за зелен развој. Заедничко за здравството и зелениот развој е само нивната почетна буква која е иста како иницијалите на премиерот, појасни Стојаноска.

Стојаноска ја запраша власта дали има тронка срам, бидејќи ребалансот е класичен предизборен поткуп.

– Бесими им противречи и на Народна Банка, ММФ, па и на ЕК. Имено, додека Народна Банка ни предвиде економски раст од 3.9%, ММФ од 3.8%, а ЕК од 3.7%. А, Бесими е толку голем оптимист што проектираната стапка на раст ја задржува на 4.1%, рече Стојаноска.

Стојаноска посочи дека оваа власт ветуваше живот за сите, но овозможи само живот за луѓето блиски до власта. Граѓаните за овие години како СДСМ е на власт се повеќе осиромашува.

Најнови вести

Коронавирус