недела, 9. мај 2021. Вести денес: 104
home Вести

Стојаноска: Власта нема пари во буџетот затоа не дозволува носење на антикризни закони

Стојаноска: Власта нема пари во буџетот затоа не дозволува носење на антикризни закони

Моето процедурално е по однос на членот 91 по деловникот став 1 вели дека за одржување на редот на седницата се грижи претседателот на Собранието и по однос на членот 165 од Деловникот исто така став 1 кој што вели дека претседателот на Собранието може расправата по предлогот на законот, амандманите и другите акти од надлежност на Собранието да ја заклучи, а за гласањето по истите да определи ден и час кога Собранието ќе се изјасни. Сметам дека вие многу добро иако грешно толкувајќи го овој член од Деловникот многу често и многу седници на Парламентот сте ги прекинувале со образложение дека гласањето ќе се одржи кога за тоа ќе се создадат услови. Бидејќи повеќе од два часа ние овде расправаме за тоа и очигледно е дека нема услови да се изведе гласање по однос на точките од 32-та седница, а надвор од салава, пред салава стојат пратениците на опозицијата којшто чекаат да започне 36-та седница за која ќе направат кворум, но мора да бидеме реални дека тоа што мнозинството вечерва нема кворум, не е само заради оправданото отсуство на овие тројца колеги, но тука има и многу неоправдано- оправдано отсутни. За 36-та седница пратениците на опозицијата се тука и чека да започне нејзиниот старт, истакна Дафина Стојаноска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ во денешното нејзини обраќање во Собранието.

Пратеничката Стојаноска во своето обраќање укажа дека прашањето поради кое не се закажува 36-та седница за да се изгласа петтиот пакет на мерки е тоа што во буџетот нема средства и затоа власта прави драма ова вечер.

-Значи вие можете да го искористите членот 165 од Деловникот и да ја завршите 32-та седница со констатација дека гласањето по однос на тие 21 точка кои што се останати само за гласање ќе се заврши кога за тоа ќе се создадат услови. И велите дека вие не функционирате со ултиматум, па вие два часа овде ни вршите ултиматум, а да не зборувам за тоа дека продолжението на 32-та седница го закажавте за 19:20 минути, истото почна во 20:42минути со оправдување барем да речевте едно извини. Можевте само да кажете едно извини или на сите да ни испратите една смс порака дека продолжувањето на седницата ќе се пролонгира за 20:40 минути. Тука се пратениците на опозицијата кој ќе дадат поддршка и глас за овие мерки, дајте да ја завршиме оваа драма или конечно прашањето е дали во буџетот воопшто има средства, па затоа волку драматизирате цела вечер, можеби и тоа е главното прашање.

Коронавирус