петок, 24. јуни 2022. Вести денес: 200
home Вести

Стојаноска: Владејачкото мнозинство вчера влезе во ќорсокак, не поминуваат веќе ниту итроштините на Џафери, народот бара одговорност од оваа Влада

Стојаноска: Владејачкото мнозинство вчера влезе во ќорсокак, не поминуваат веќе ниту итроштините на Џафери, народот бара одговорност од оваа Влада

„Што се однесува до Талат Џафери и неговите итроштини и тие се веќе истрошени. Вчерашниот ден е голем дебакл најпрвин за него. Бидејќи тој е нели првиот помеѓу останатите 119 пратеници во Парламентот, и како претседател апсолутно сметам дека потфрли на вчерашниот ден бидејќи не успеа да стигне до усвојување на Дневен ред. А, најмногу потфрли на што јас најмногу навистина сум изненадена кога проба повикувајќи се на никаков член во Деловник да каже дека гласањето за усвојување на измени на Дневен ред ќе го одложи. Ако тоа се одложи тогаш каква седница ќе се одржи“, запраша Дафина Стојаноска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во гостување во утринска емисија на радио „Лидер“.

Стојаноска додаде дека владејачкото мнозинство вчера влезе во ќорсокак. Но, исто така се осврна дека Парламентот не функционира веќе подолго време поради неспособноста на владејачкото мнозинство, тие едвај собираат кворум за да се одржи седница, а за тоа доказ и беше вчерашната седница кога се доцнеше час и 40-тина минути, седницата вчера поради владејачкото мнозинство не започна навреме. Во текот на своето гостување се осврна и за неодржувањето на седница на пратенички прашања веќе подолг период. По, девет месеци се одржа седница на пратенички прашања.
„Во Парламентот цели девет месеци не беше одржана седница на пратенички прашања. Околу 28 или 30 јули 2021 година беа последните пратенички прашања. И еве да речеме во август месец имало колективен одмор иако не е оправдување затоа што после Илинден до 20-ти август е отприлика одморот. Значи можело да има пратенички прашања. Ајде да речеме септември е предизборие, а во октомври е постизборие. Ајде после тоа Заев дава оставка, не дава оставка, трилер, трагикомедија. Ајде после се формира Влада па после повторно непишано правило е ова 100 дена да и се даде шанса на Владата на Ковачевски за да има пратенички прашања. Значи тоа се само изговори и бегања од соочување со јавноста. И видовте на оваа седница кога се одржаа пратеничките прашања министрите му подаваа ливчиња на Ковачевски за да одговори“, појасни Стојаноска.

Стојаноска потсети дека овој премиер воопшто не бил на избори, тој не беше избран од граѓаните на Македонија.
„Во октомври минатата година беа локалните избори, тоа беше многу добар сигнал ВМРО-ДПМНЕ го патосираше Социјалдемократскиот сојуз. Не можам да кажам дека и во 2020-тата година имавме лош добар резултат, изборите да се одржаа кога требаше да се одржат во април пред да се согласиме да одиме на прогласување на кризна состојба, па знаеме од април до јули месец што се таа „демократска“ влада и не знам како ја злоупотребуваа кризната состојба. Кога сите требаа да седат дома од власта делеа пакети“, рече Стојаноска.

Коронавирус