вторник, 11. декември 2018. Вести денес: 0
home Вести

Стојаноска: Вчерашниот настап на СЈО е уште една потврда дека Македонија не е веќе правна држава, не постојат ни закони, ни Устав

Стојаноска: Вчерашниот настап на СЈО е уште една потврда дека Македонија не е веќе правна држава, не постојат ни закони, ни Устав

Зоран Заев е исплашен од храброста и решителноста на македонскиот народ кој не потклекна на сите притисоци и манипулации и на референдумот покажа дека по ниедна цена нема да поддржи антидржавни политики со кои се брише името Република Македонија, идентитетот, историјата, традицијата и културата, ова денеска на прес конференција го истакна Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Зоран Заев е во паника затоа што не помина неговата капитулација и граѓаните го осудија обидот да добие амнестија за сопствените криминали преку штетниот договор со кој ги прифати грчките црвени линии. Затоа Заев тргна со реализација на планот Б, а тоа е игнорирање и газење на волјата на сопствениот народ. Заев тргна со обид да ја заплаши опозицијата преку нарачан политички прогон и злоупотреба на институциите. Заев е свесен дека ВМРО-ДПМНЕ било со народот и дека секогаш ќе стои на браникот на државните и национални интереси и затоа сега бара помош од неговите послушници во СЈО. Вчерашниот настап на СЈО е уште една потврда дека Македонија не е веќе правна држава. Не постојат ни закони, ни Устав. Катица Јанева си чита имиња и сама ги суди. Катица Јанева сама закажува рочишта, ги диктира процесите и ги прозива судиите што не и се по волја. Зоран Заев ги нарачува предметите и кажува која мерка и која пресуда е преостра или преблага. Вака функционира партиско – политичкиот прогон со кој што треба да се скрши македонскиот отпор. Вакво силување на правото и правдата во моментов нема во ниту една демократска земја, потенцира Стојаноска.

Таа додава дека ВМРО и Македонија издржале низ историјата многу ликови како Зоран Заев и неговите извршители. Ќе биде издржан и тој и сите злодела на неговиот криминален картел. Македонија ќе победи, а одговорност за се што прави Заев и неговите послушници ќе има кога ќе се врати правната држава.

-Додека Зоран Заев го гази правото и правдата и нарачува истраги и пресуди, трае општиот грабеж кој го реализираат неговите роднини и соработници. Додека Заев тргува со највисоките државни и национални интереси спротивно на волјата на народот, неговиот брат Вице си купува комбинати по цена на гарсониера, си добива лиценци за одгледување марихуана, гради и ископува каде сака, колку сака и како сака. Камиони на Заеви се ангажираат од државни компании, милиони евра се делат за криминални иновации, а ликови како Кочо Анѓушев добиваат милиони евра од грчките даночни обврзници за фирми за кои читаме дека вределе многу помалку. Со секој ден е се појасно зошто Заев бега од договор за независно и професионално обвинителство, но никој не успеал да бега вечно и вечно да се крие, рече Стојаноска.