вторник, 15. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

Стојаноска: Уште колку време треба да се чека за реконструкција на покривот во ООУ Гоце Делчев- Гостивар?

Стојаноска: Уште колку време треба да се чека за реконструкција на покривот во ООУ Гоце Делчев- Гостивар?

Кога конечно ќе се започне со реконструкција на покривот на основното училиште Гоце Делчев во Гостивар, праша пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска на денешната собраниска седница за поставување на пратенички прашања до министрите во владата на СДСМ.

Таа додаде дека градоначалникот Таравари со донација од Јапонската амбасада ќе го реконструирал, но дека министерот за образование Адеми му ги одземал сите ингеренции во образованието и дека и тој при крајот на 2108 година ветил дека министерството ќе го реши овој проблем, но како што рече таа веќе изминале 6 месеци од тогаш, а покривот се уште не е допрен.

-На истекот на 2018 година имавме изјава од градоначалникот на Гостивар дека со помош на донација од Јапонската амбасада овој проект ќе биде завршен. Ист така при крајот на 2018 година самиот министер Арбр Адеми изјави дека министерството ќе го реализира. Влегуваме во 6 месец од 2019 година а покривот на ова училиште не е допрен, додаде Стојановска.