четврток, 15. април 2021. Вести денес: 0
home Вести

Стојаноска: Со предлог законот за финансирање на локалната самоуправа им се дава зелено светло општините да се задолжуваат со граѓански пари

Стојаноска: Со предлог законот за финансирање на локалната самоуправа им се дава зелено светло општините да се задолжуваат со граѓански пари

Дафина Стојаноска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска расправа зборуваше за предлог законот за дополнување на законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа и истакна дека овој закон претставува продолжување на вазалните политики на Владата спрема општините.

Стојаноска укажа дека со овој закон се намалува моќта на општините и им се дава зелено светло да се задолжуваат на сметка на граѓаните.

Пред нас е предлог законот за дополнување на законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа и се разбира не треба никој воопшто да се посомнева во овој предлог на закон е поднесен под скратена постапка. Измените на законот за локална самоуправа не претставува ништо друго туку продолжување на вазалните политики на Владата спрема општините. Имено измените на овој закон само ја намалуваат моќта на општините и им даваат зелено светло на истите да продолжат да се задолжуваат на сметка на граѓанските пари. Меѓутоа со оваа мерка се откриваат недостатоците кои власта ги има изминатата и оваа година по однос на економските политики од една страна и неспроведените, а ветените политики за унапредување на општините и рамномерниот регионален развој од друга страна. Најпрво во однос на економските политики сите сме свесни за економскиот колапс кои почна да и се случува на државата, а сето тоа благодарение на неспособноста на власта да креира стратешки, а не еднократни мерки кои ќе им се помогне на компаниите да се одржат во оваа криза, затоа и ставот на премиерот беше јасен дека малите компании ќе пропаѓаат, додека големите односно поточно оние кои наликуваат на корпорации ќе растат и ќе ја зацврстуваат својата моќ, рече Стојаноска.

Понатаму пратеничката Стојаноска посочи дека многу е важно која е целта на овој закон со оглед на тоа што се ветуваа многу посериозни работи преку кои требаше да се обезбеди прво засилување на капацитетите на општините и зголемување на транспарентноста и отчетноста во нивното работење.

Сепак многу поважно е која е целта на овој закон со оглед на тоа што се ветуваа многу посериозни работи преку кои требаше да се обезбеди прво засилување на капацитетите на општините и зголемување на транспарентноста и отчетноста во нивното работење. Второ зголемување на средствата за рамномерен регионален развој од околу 80 милиони евра со цел да се стимулира локалниот економски развој. Трето подобрување на услугите и зголемен квалитет на живеење на целата територија на Република Македонија, потоа јакнење на улогата на министерство за локална самоуправа во делот на рамномерниот регионален развој и пренесување на кои надлежности кои локалната самоуправа може поуспешно да ги извршува од централната власт, додаде Стојаноска.

Коронавирус