сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 51
home Вести

Стојаноска: Со поставување на Кацарска за Уставен судија значи дека ќе продолжи мешањето на власта во судската власт

Стојаноска: Со поставување на Кацарска за Уставен судија значи дека ќе продолжи мешањето на власта во судската власт

Пратеничката Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ на денешната собраниска седница нагласи дека власта продолжува да се меша во судската власт преку поставување на Кацарска за Уставен судија.

Таа порача дека тоа не треба да се случи, не треба Кацарска да стане Уставен судија.

-На дневен ред ја имаме точката предлог за избор на судијана Уставен суд на Република Македонија. Предлогот е никој друг туку Добрила Кацарска. Јас за почеток ќе го цитирам ставот 1 членот 16 на Уставот кој гласи – „Се гарантира слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата“. Ставот 4 од членот 109 на Уставот кој гласи – „Судиите на Уставниот суд се избираат од редот на истакнати правници“. Исто така во ставот 1 алинеја 3 од членот 110 од Уставот вели –„Уставниот суд на Република Македонија ги штити слободите и правата на човекот и граѓанинот, што се однесуваат на слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата, политичкото здружување и дејствување, и забраната на дискриминација на граѓаните по основ на пол, раса, верска, национална, социјална и политичка припадност“.  Да потсетам и на последниот Извештај од ЕК во кој се вели дека Република Македонија односно судскиот систем во не а е умерено подготвен или има одредено ниво на подготовка, истакна Стојаноска.

Стојаноска додаде дека во истиот Извештај од ЕК се вели дека Република Македонија треба да обезбеди решителна и доследна употреба на механизми за обезбедување независност и одговорност на судството како што се правила за назначувања врз основа на заслуги, проверка на имотот, судир на интереси и дисциплински постапки.

-Наспроти ова во известувањето од судскиот совет за изборот на кандидат за судија на Уставен суд да биде Кацарска стои меѓу другото дека – „Во текот на извршувањето на судиската функција судијата Добрила Кацарска со своето несебично залагање, агилност и посветеност, успешно ја извршува судиската функција и покажала позитивни резултати во работењето“. Контрадикторностите и противречностите меѓу Уставот и препораките на ЕК од една страна и постапувањето на судскиот совет и власта од другата страна се повеќе од очигледни. Во прилог на нив ја споменувам и одлуката на Уставниот суд од 29-ти мај 2019 со која оцени дека судијката Кацарска извршила повреда на слободата на мислата и јавното изразување на мислата утврдени во членот 110 алинеја 3, а гарантирана во членот 16 од Уставот и содржана во членот 10 од Европската Конвенција за заштита на човековите права и основни слободи, која со Закон е ратификувана во Македонија, рече Стојаноска.

Стојаноска посочи дека таа одлука се однесуваше на случајот кога судијката Кацарска казни со по 1.000 евра педесетина адвокати кои ги застапуваат 33 обвинети замислете за терористичко загрозување на Уставниот поредок и безбедноста за време на 27 –ми април.

-Кацарска има вршено влијание врз судии во носење на одлуки во други случаи за што сведочеше јавната обвинителка Стефанова. Истата Кацарска беше изземена од одлучување за пресудата на Заев во случајот „Поткуп“. Имено, т.н. независно судство на Заев го промени обвинението на последното рочиште изземајќи ги од доказниот материјал – снимките кои беа доказ за поткупот и така казната на Заев се намали па немаше потреба да му суди судечки совет туку еден судија. Кацарска ова го искористи за да не мора ниту условно да го осуди Заев и истото му го препушти на нејзин колега, потсети Стојаноска.

Стојаноска рече дека ја укина и гаранцијата на Лазаров при што истиот го вратија во Шутка.

-Не смее да се пропушти да се спомене и максималното интензивирање на динамиката на судските рочишта токму во деветтиот месец од бременоста на Гордана Јанкуловска, и  во првите месеци после нејзиното породување, што исто така го направи Кацарска, рече Стојаноска.

Стојаноска додаде дека со поставување на Кацарска за Уставен судија значи дека ќе продолжи мешањето на власта во судската власт. Зоран Заев продолжува на дрзок и манипулативен начин да си ги наградува своите судии кои извршуваат во негово име.

Коронавирус