сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 10
home Вести

Стојаноска: СДСМ продолжува со лаги и манипулации

Стојаноска: СДСМ продолжува со лаги и манипулации

Стојаноска во своето излагање на комисијата за финансирање и буџет искажа револт кон СДСМ кој во својата програма во 2016-та година наречена “За живот во Македонија” пропагирале популистички мерки кои до ден денес не се исполнети.

Наброи неколку од нив, меѓу кои бесплатното здравствено лекување за сите осигуреници, зголемување на 15% на основната плата, зголемување на платите на докторите до 2020-та година во износ од 100.000 денари и така натаму, со кои посочи дека сите ветувања на СДСМ се ветер и магла.

“Донесовте закон со кој ги укинувате квотите во аптеките, односно лимитите за земање на лекови. Дали сте свесни дека со ова губат помалите аптеки низ државата и дека само фармацевтските гиганти ќе работат и ќе остваруваат профит? Можеби тоа ви е намерата, да земете проценти преку некоја од фирмите блиски до власта”, додаде Стојаноска. Во однос на сите проекти и ветувања од страна на СДСМ, Стојаноска истакна дека станува збор само за зборување во празно и лажење на народот.

“СДСМ како во минатото така и сега докажува дека неработењето и лагите се она на што се посветени целиот мандат”, заврши Стојаноска.

Коронавирус