четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 108
home Вести

Стојаноска: СДСМ не го изгласа предлогот за 5 потпретседатели во Собранието затоа што немаа обезбедено мнозинство

Стојаноска: СДСМ не го изгласа предлогот за 5 потпретседатели во Собранието затоа што немаа обезбедено мнозинство

Дафина Стојаноска, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во телевизија 24 зборуваше за денешната собраниска расправа да Собранието има 5 потпретседатели и порача дека СДСМ денеска ова не го изгласа затоа што не можеа да обезбедат мнозинство на гласачи.

-Јас мислам дека денеска беше типичен пример дека вие не можевте да обезбедите мнозинство на гласачи, да ви беа присутни во Собранието ќе си ги изгласавте си имате 61 пратеник и одлуката ќе поминеше за Собранието да има 5 потпретседатели. Ставот наш е јасен ние сме против 5 потпретседатели на Собрание затоа што сметаме дека се премногу и за Македонија воопшто особено за овој период, истакна Стојаноска.

Стојаноска додаде дека според Деловник на ВМРО-ДПМНЕ му следува едно заменик претседателско место н во моментот сеуште нема предлог за тоа.

Коронавирус