среда, 12. август 2020. Вести денес: 182
home Вести

Стојаноска: СДСМ е класичен пример во светот за мешање на сите власти во државата, повторно ветуваат реформи во правосудството – истите лаги спакувани во друга украсна кеса

Стојаноска: СДСМ е класичен пример во светот за мешање на сите власти во државата, повторно ветуваат реформи во правосудството – истите лаги спакувани во друга украсна кеса
-Сега ли СДСМ ќе ја започне реформата во судството? Тие на тој бран “нема правда нема мир” стигнаа каде што стигнаа во власта, иако немаа изборна победа. Но не видовме никаде дека СДСМ се соочи со правото и правдата или дека не се мешаа во правосудниот систем, рече Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 6 на коалицијата “Обнова на Македонија” во емисијата “Топ тема” на Телма телевизија.
-Нивниот лидер Зоран Заев видовме кога беше премиер и беше претседател на Комисијата за реформа на правосудството, па после многу реакции се тргна од тоа столче.СДСМ беа и сеуште се класичен пример во светот за мешање на сите власти во државата. Тие измешаа ама буквално се што може да се измеша. И конечно видовме со СЈО како се заврши таа приказна, истакна таа.
Воведовте хибриден режим и во правото и во политиката и сега повторно ветуваат нешто што нема да го спроведат.Тоа се во суштина истите лаги само препакувани во друга украсна кеса, додаде таа.

 

Коронавирус