вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 21
home Вести

Стојаноска: Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за инвалидски организации не ги опфаќа целосните состојби во оваа област

Стојаноска: Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за инвалидски организации не ги опфаќа целосните состојби во оваа област

Дафина Стојаноска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ на денешното свое обраќање во Собранието зборуваше за предлог законот за изменување и дополнување на Законот за инвалидски организации каде посочи дека е поднесен по скратена постакна како и повеќето закони и укажа дека со овој закон не се целосно опфатени состојбите во областа која треба да се уреди со овој предлог на законот.

-Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за инвалидски организации не мора воопшто да претпоставувате поднесен е по скратена постапка како и повеќето закони до сега и за за жал и понатаму си продолжува праксата на скратени постапки без разлика дали користи вистински и без разлика дали на сите опомени и предупредувања кои ни доаѓаат од страна на Европската Комисија. Со овој предлог на закон со членот 1 се прецизириа дека надзорот над законитоста на работењето и исполнувањето на одредбите на овој закон и Законот за здружение на граѓани и фондации на инвалидкста организација, Националната инвалидска организација и Национаоналниот Совет на инвалидските организации го врши инспекциската служба при Министерството за труд и социјална политика. Со членот 2 се врши усогласување со законот за прекршоци и се однесува на понисок износ на глоби за одговорното лице, во правното лице и службеното лице во државен орган доколку не постапат согласно одредбата на членот 36 став 1 и став 2 од Законот за инвалидски организации. Со членот 3 се уредува постапката за порамнување, со членот 4 се уредува постапката за изрекување на опомена при вршење на инспекциски надзор и со членот 5 се утврдува рокот за донесување на подзаконскиот акт предвиден со овој закон. Се дотука би можела да се согласам дека нема некои пропусти или намерни грешки. Но морам да кажам дека заради оцената на состојбите во областа која треба да се уреди со овој предлог на закон, не се целосно опфатени сотојбите и условите во кои функционираат инвалидските организации во Република Македонија, посебно ако ја имаме предвид и ново настаната состојба со пандемијата од КОВИД-19, понатаму нивниот статус , а особено состојбите со финасирањето на овие инвалидски оргазниации, рече Стојаноска.

Стојаноска во своето обраќање потсети дека за време на последните парламентарни избори остварила средба со неколку вакви организации и сите се пожалиле на нивните катастрофални услови за работа.

-Јас и колегата Алкесандар Велјановски во текот на предизборната кампања за последните парламентарни избори остваривме средби со неколку вакви организации и сите ни се пожалија на нивните катастрофални услови за работа, на непристапноста која ја имаат до државните институции и останатите објекти, на недостигот на литература со Брајово писмо, малиот број на толкувачи на знаковниот јазик и на малата финасиска помош од државата.За жал пандемијата со КОВИД-19 не ги одмина и лицата од овие организации и истите сега секојдневно и дополнително се соочуваат со се поголем број на пречки при реализацијата на нивните основни и неопходни потреби како што е издравствената заштита во конкретната пандемија, додаде Стојаноска.

Коронавирус