сабота, 23. октомври 2021. Вести денес: 126
home Вести

Стојаноска по посетата на жителите на Ѓорче Петров: На предвремените парламентарни избори народот ќе ја казни актуелната власт

Стојаноска по посетата на жителите на Ѓорче Петров: На предвремените парламентарни избори народот ќе ја казни актуелната власт

Денеска како што знаете со потпретседателот  на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски сме во посета на Ѓорче Петров заедно и со колегата Бојан Стојаноски каде меѓу другото штотуку остваривме средба со луѓе од образовната сфера, а припаѓаат на општина Ѓорче Петров. Разговаравме за актуелните теми и секако од нив ја добивме загриженоста и пораката дека не смее никој да си игра со образовниот процес во Република Македонија, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Особено не треба да се прават реформи во образовниот процес и начинот на кој се однесува Мила Царовска е осуден од страна на луѓето од Ѓорче Петров што значи насила ништо не смее да се прави во оваа држава. За жал гледаме дека се прави, но затоа ВМРО-ДПМНЕ  е тука да ги сослуша овие луѓе, вели Стојаноска.

Таа додава дека ВМРО-ДПМНЕ  е тука да се спротистави на актуелната власт и верува дека наскоро ќе има парламентарни избори на кои народот ќе ја казни актуелната власт.

Најнови вести

Локални избори 2021