недела, 9. август 2020. Вести денес: 0
home Вести

Стојаноска: По 15 јули се обврзуваме на поддршка за лицата со телесен инвалидитет

Стојаноска: По  15 јули  се обврзуваме на поддршка за лицата со телесен инвалидитет

Дафина Стојаноска, носителката на листата во изборната единица 6 на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За Обнова на Македонија“ денес беше во посета на Тетово каде што оствари средби со повеќе здруженија меѓу кои здружението за глуви лица, здружението на слепи лица од Тетово и здружението на лица со телесен инвалидитет ‘‘Мобилност ‘‘ за Тетово и Гостивар.

Денес остварив средби со здружението за глуви лица од Тетово, здружението на слепи лица од Тетово и Здружението на лица со телесен инвалидитет ‘‘Мобилност‘‘ за Тетово и Гостивар. Имавме конструктивни разговори на кои што овие луѓе кажаа дека изминативе три години имале можност да видат и увидат кој и колку се грижел за нивните проблеми и барања-истакна Стојановска.

На средбата членовите на здруженијата на носителеката на пратеничка листа Стојаноска и ги соопштија проблемите и предизвиците со кои секојдневно се соочуваат.

-Заеднички дојдовме до заклучок дека она што Зоран Заев не ги слушаше и не ги гледаше сопствените граѓани, односно она за што Зоран Заев не покажа слух и вид за желбата на граѓаните на Република Македонија како пред за време и после референдумот 2018 година е најголемиот хендикеп за граѓаните на Република македонија-додаде Стојановска.

Носителката на листата во изборната единица 6, Стојановска на членовите на здруженијата има вети и се обврза по 15 јули да направи повеќе за сите и повеќе овие здруженија.

-Затоа ние дел од кандидатите на пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Обнова на македонија се обврзуваме дека од 15 Јули, ќе направиме повече за сите и секако повеќе за овие наши сограѓани. нагласи Стојановска.

Коронавирус