понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 5
home Вести

Стојаноска: Оставката на Филипче никаде ја нема, никој ја нема ниту видено, тоа значи дека Заев одлучува за сите процеси

Стојаноска: Оставката на Филипче никаде ја нема, никој ја нема ниту видено, тоа значи дека Заев одлучува за сите процеси

Главното прашање е зошто премиерот не го доставува, тоа е негова должност. И дали воопшто еве медиумите, јавноста или било која од институциите го виде црно на бело тој документ, таа потпишана оставка. Или само беше кажана пред микрофон, на прес конференција и толку, рече Дафина Стојаноска, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во „Утрински Брифинг“.

Стојаноска додаде дека изминаа денови по трагедијата во Тетово, а се уште нема ништо од истрагата.

-Мнозинството во овој Парламент имаше доволно време да ги распредели сите точки, сите закони по седници, и онака како што можеа. Но тие се набија во тесен интервал временски и сега напаѓаат дека опозицијата блокира. Не, ние ништо не им правиме, појасни Стојаноска.

Стојаноска посочи дека поради неспособноста на власта започнаа да се случуваат трагедии за жал.

-Дали некој од власта ќе одговара некогаш? Еве доаѓаат избори, може и да се случи да изгуби СДСМ на избори, и што тогаш ќе си заминат од власта без да одговараат. Зар ќе заборавиме се што наназад направија, запраша Стојаноска.

Стојаноска укажа дека морален чин нема за трагедијата во Тетово. Во таа трагедија изгубија 14 граѓани живот.

-Што имаме ние бенефит што Филипче ја поднесе оставката? Оставката никаде ја нема, никој ја нема ниту видено. Каде е? И што значи тоа? Тоа значи дека премиерот ја има апсолутната власт во оваа држава. Дека од него зависи се, дека сите процеси се закочени од нив, не се закочени од нас, рече Стојаноска.

Локални избори 2021