недела, 29. март 2020. Вести денес: 41
Во живо

Во 12 часот прес-конференција на Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

home Вести

Стојаноска: Од заразените во Македонија 12 проценти се лекари и тоа поради несоодветна заштита

Стојаноска: Од заразените во Македонија 12 проценти се лекари и тоа поради несоодветна заштита

Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, поради ситуацијата со корона вирусот, е во постојано заседавање. За жал, дојдовме до една неповолна статистика за Македонија. Државава е на второ место по број на заболени од корона вирусот на Балканот, по број на жители, истакна Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Пред нас е само Хрватска или таму има 102 заразени на милион жители, потоа следи Македонија со 88 заразени на милион жители. На третото место е Црна Гора со 83 заразени на милион жители, на четврто е Грција со 71 заразен на милион жители, на петто е Албанија со 55 заразени на милион жители. По ова следат Босна и Херцеговина, Србија, Бугарија и Турција. Од заразените во Македонија, 12 проценти се лекари, и тоа поради несоодветна заштита, рече Стојаноски и додаде:

„Проекциите и прогресијата на ширење на вирусот покажуваат трендови кои се загрижувачки. Очекувањата се такви, што секој мора да постапува, за да се заштити себеси, да ги заштити своите блиски и секако јавното здравје, односно здравјето на сите граѓани.

Оттука предлагаме:

Прво, сите здравствени работници да имаат доволна количина на заштитни материјали.

Второ, да се подготви Бел план за здравствените институции во земјава, за да се подготват за најлошото сценарио. Овој План значи зголемување на капацитетите и разработено сценарио при ескалација на состојбата.

Трето, масовно тестирање на ризични групи, на повратниците од дијаспората, тестирање на младите преку тестирање на репрезентативен примерок од оваа група, редовно тестирање и планска заштита на лекарите и здравствените работници.

Четврто, организирање на карантини со соодветни услови“.

ВМРО-ДПМНЕ, подвлече таа, дава поддршка за сите медицински и здравствени лица.

-ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи секоја мерка која ќе значи повеќе заштита. Владата мора да обезбеди соодветни ресурси за заштита на медицинските лица. Мора да се обезбеди сигурност и здравствена заштита за секого, затоа што секој живот вреди!