понеделник, 10. август 2020. Вести денес: 157
home Вести

Стојаноска од Гостивар: Да победи обновата, младите да останат во Република Македонија

Стојаноска од Гостивар: Да победи обновата, младите да останат во Република Македонија

Денес Дафина Стојаноска, носител на изборна единица 6 заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја посетија општината Гостивар. При посетата на Гостивар, Стојаноска на граѓаните им порача дека на 15-ти јули ќе се стави крај на Зоран Заев и неговата криминална влада и конечно ќе огрее сонцето за македонските граѓани.

„За мене вашето вечерашно присуство и поддршка значат огромна одговорност. А, за нас сите Македонија е најголемата одговорност. Штом сте сите тука вечерва знам и сум сигурна дека Македонија е жива и дека сите заедно ќе ја исправиме“, истакна Стојаноска.

Стојаноска се заблагодари на граѓаните што веруваат и знаат дека доаѓа часот кога ќе започне обновата на Македонија.

„Многу видовме во изминативе три години, само не видовме дека власта нешто направи за своите сограѓани и за својата земја. Имаа време, добија историска шанса без изборна победа да формираат влада, добија се, но немаа искрени намери и капацитет. Ни ја направија Македонија земја во која царуваат неправдата и криминалот. Наместо 500 километри автопатишта, видовме милионски рекети. Наместо 500 евра просечна плата дочекавме министрите во Владата на Зоран Заев да местат тендери и договори во четири очи. Наместо правда и мир, дочекавме патриотите да се зад решетки, а криминалците да се ослободувани токму од Заев и неговата т.н. правда. Видовме се, само не она што Заев го ветуваше“, нагласи Стојаноска.

Стојаноска рече дека поуката од заевиот хибриден режим е Заев коцкарот со сопствениот народ, Заев оној кој вулгарно го опцу својот народ, Заев два пати аболицираниот криминалец, Заев никогаш да не се повтори.

„Да се обединиме за да никогаш не дозволиме младоста на нашите деца да биде украдена и продадена. Вечерашното будење нека ги крене на нозе сите, и старо и младо, и женско и машко, македонско, албанско, турско, ромско, српско, бошњачко, влашко. Сите заедно да се разбудиме и да си го вратиме изгубеното достоинство, зашто тука во Гостивар но и низ цела Македонија понижени сме сите заедно, за што ниту ни донесоа живот, ниту ни донесоа едно општество за сите“, потенцираше Стојаноска.

Стојаноска на самиот крај порача дека на 15-ти јули ќе победи вистината и работата, ќе победи обновата на Република Македонија.

Коронавирус