понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Стојаноска: Нашите амандмани кои што се поднесени претставуваат реакција на она што власта го прави и демонстрира во Собранието

Стојаноска: Нашите амандмани кои што се поднесени претставуваат реакција на она што власта го прави и демонстрира во Собранието

Како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ најостро ја демантираме изјавата на координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески, во врска со поднесените амандмани на Предлогот за изменување и дополнување на Деловникот за работа на Собранието, истакна на денешната прес-конференција заменик – координаторот на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија Дафина Стојаноска.

Имено, овие амандмани кои што колегата Митрески ги спомена во својата изјава, потенцирам, НЕ СЕ АМАНДМАНИ ПОДНЕСЕНИ ОД СТРАНА НА ПРАТЕНИЦИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е срамен обид на СДСМ и нивните пратеници за манипулирање и дефокусирање на јавноста од нивниот насилнички и недемократски метод набрзина да ги изгласаат измените на Деловникот кои поради нивното тенко и нефункционално мнозинство очајно им се потребни. Нагласувам, единствен виновник за ваквата состојба е токму СДСМ и нивното тенко мнозинство, а не ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата.

Нашите амандмани кои што се поднесени претставуваат реакција на она што власта го прави и демонстрира во Собранието. Овие амандмани се наш одговор на нивното непочитување на опозицијата, неуставноста, избегнувањето на дијалогот и пронаоѓањето на консензус во врска со ова законско решение за измена на Деловникот.

Оттука, ние како пратеници ги прашуваме колегите од СДСМ, дали е штетно, неодговорно и несериозно нивното однесување кога во текот на вчерашниот ден, на Комисијата за финансирање и буџет, го одбија нашиот амандман за бесплатно тестирање за КОВИД на сите граѓани на Република Македонија?

Ова е класичен доказ кој работи против интересите и на штета на здравјето на граѓаните, а кој искрено се грижи и бори за нив во овие тешки мигови.

Се’ друго што СДСМ го зборува е чиста манипулација и очаен обид да се исперат од нивната неспособност и негрижа за граѓаните.

А кога станува збор за деструктивното, антидржавното и антинародното однесување, СДСМ тука е неприкосновен.

Потенцирам, токму колегите од СДСМ се тие кои што со недели одбиваат да дискутираат во врска со македонско – бугарските односи и распродажбата на се’ што е македонско од страна на нивниот шеф Зоран Заев.

Македонската јавност и граѓаните видоа и слушнаа кој е гробарот на македонштината, а кој е на браникот на татковината.

И токму за ова недржавничко однесување, СДСМ, Зоран Заев и екипата околу него, многу скоро ќе ги добијат одговорот и казната од народот, потенцираше Стојаноска.

Коронавирус