среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 29
home Вести

Стојаноска: Наместо итни и неотповикливи оставки, Владата на Заев ја преспа најтрагичната ноќ за Македонија

Стојаноска: Наместо итни и неотповикливи оставки, Владата на Заев ја преспа најтрагичната ноќ за Македонија

После синоќешната трагедија во Тетово, денес на web страната на Собранието се’уште стојат закажаните денешни планирани активности, пишува на Фејсбук пратеничката Дафина Стојаноска.

– Наместо се’ да се откаже и одложи, додека не се расчисти одговорноста на оваа неодговорна власт, денес треба да расправаме за марихуаната на Заев и за законите на Мила.

– Наместо странска и независна експертиза, случајот ќе го разгледуваат домашните зависни обвинители.
– Наместо итна владина седница сношти, таа е закажана за денес во 10 часот.
– Наместо итни и неотповикливи оставки, Владата на Заев ја преспа најтрагичната ноќ за Македонија.
– Разбудете се! Реалноста е ваша одговорност. Не е лош сон, за жал.

Локални избори 2021