понеделник, 6. јули 2020. Вести денес: 272
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Вести

Стојаноска: Младите ќе останат во Македонија, ќе има нови работни места и повисоки плати

Стојаноска: Младите ќе останат во Македонија, ќе има нови работни места и повисоки плати

Во Македонија, рекетот стана економски бум во време на владеењето на Зоран Заев и затоа немаме ниту странски инвестиции, набројуваа некои фабрики кои што никој не ги видел, ништо од економија нема, затоа велам дека срушено е достоинството на сите во државата, а не само на Македонците, туку достоинството на сите националности кои што живеат во Република Македонија, вели Дафина Стојаноска, носител на изборната единица 6 во вечерашното гостување на „И што сега„ на Македонската телевизија.

Стојаноска посочи дека е потребно да се работи домаќински и да се врати достоинството на земјоделците, раст на економијата, желбата на младите својата иднина да ја градат тука.

-Мора да се работи домаќински бидејќи ова е последна шанса. Како што не чека напорна работа до 15 јули, уште повеќе не чека после 15 јули. Овде треба да се вратат многу работи не само достоинството, туку економијата, силата на земјоделците, желбата на младите во иднината, се е изгубено, вели Стојаноска.
Ние се обврзуваме сето ова што е во нашата програма да го реализираме, а тоа значи сигурна иднина за младите. Значи дека утре младите ќе останат тука, значи дека младите ќе добијат квалитетно образование. Сега имаме состојба каде што огромен број на високо квалитетен кадар кој што си заминува од државата. Во Македонија имаме се помал број на занаетчии, тие заминуваат, имаме одлив на секаков вид на кадар. Крајно време е да го спречиме иселувањето на младите, а ќе го спречиме со реализирање на програмата Обнова за Македонија, рече Стојаноска.

Парламентарни избори 2020