среда, 22. јуни 2022. Вести денес: 168
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Вести

Стојаноска: Единствен излез од оваа ситуација е распуштање на парламентот и распишување на предвремени парламентарни избори

Стојаноска: Единствен излез од оваа ситуација е распуштање на парламентот и распишување на предвремени парламентарни избори

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се присутни во собранието, расправаме по секоја точка, се пријавуваме за збор, и реплики, вели Дафина Стојаноска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата Вин Вин, на втор ден од активната блокада во Собранието.

Стојаноска е децидна и смета дека и претходно Собранието било блокирано и единствен начин за излез од ваквата состојба според неа се распишување на предвремени парламентарни избори.

-И до сега Собранието беше закочено со работа, затоа што се предлагаа закони, се повлекуваат, па се предлага законот од иста пратеничка група, па на истиот закон се предлага амандман од иста пратеничка група, и сами се заглавија во едни лавиринти, и токму поради тоа владејачкото мнозинство мора да си признае дека од оваа состојба единствен излезе се предвремените парламентарни избори, рече Стојаноска.

Стојаноска додаде дека е распишан јавен оглас за  пријавување за потенцијални кандидати за организирање на втора видео лотарија иако тие како пратеничка група го блокираме Законот за игра на среќа, нагласувајќи дека ова се должи на бизнис интерес на власта, а повторно на грбот на граѓаните.

-Не им помина Законот за игри на среќа, преку автентично толкување кое што е побарано и однесено на 19 април во Собрание, Артан Груби вратил писмен одговор на 3 мај, а на 5 мај е објавен јавниот повик во Службен весник. Тоа се должи на бизнис интереси и повторно на грбот на граѓаните, сметаа таа.

Коронавирус