среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 16
home Вести

Стојаноска: Договорот со Бугарија е пораз за Македонија, власта да си поднесе оставка

Стојаноска: Договорот со Бугарија е пораз за Македонија, власта да си поднесе оставка

Уште на самиот почеток кога Зоран Заев ја доби власта во 2017 година мислам дека прв чин кој што го направи беше потпишувањето на Договорот со Бугарија, за кој што ние предупредувавме дека не се работи добрососедски договор, туку се работи за еден договор кој што ќе отвори голем број на проблеми, и еве тоа се испостави дека така, вели пратеничката Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ, во гостување во емисијата Топ тема на ТВ Телма.

Стојаноска, вели договорот ваков каков што е остава можност за да се преговара за македонскиот јазик, историја и македонското малцинство.

-Се испостави дека не Грција, туку источниот сосед Бугарија ја блокира Македонија на патото кон Европската унија, а зашто, заради тоа то договорот кој што се потпиша беше таков, односно даваше можност тој договор да се преговара за историјата, да се преговара за јазикот, да се преговара за македонскиот народ, за македонското малцинство во Бугарија, истакна таа.

Стојаноска додаде дека власта и пратениците бегаат од одговор и соочување со опозицијата и токму поради тоа треба да си поднесат оставка бидејќи како што рече овој договор е пораз за Македонија.

-Најмногу не загрижува бидејќи нема никаков одговор, власта не доаѓа во парламентот, пратениците од власта не сакаат да разговараат на оваа тема што значи дека кога нешто се крие од народот тоа е многу загрижувачки, а го гледаме и однесувањето на власта, и затоа сметам дека одговорноста не само што ја имаат туку треба под итно да си поднесат оставка бидејќи ова е пораз за Македонија, нагласи Стојаноска.

Коронавирус