понеделник, 10. август 2020. Вести денес: 157
home Вести

Стојаноска до Николовска: Вашите “чесни” понуди се истите оние од 2016-та година, кога промената на името ја немавте зацртано во програмата, а Заев колнејќи се во жици и деца го смени

Стојаноска до Николовска: Вашите “чесни” понуди се истите оние од 2016-та година, кога промената на името ја немавте зацртано во програмата, а Заев колнејќи се во жици и деца го смени

Според Дафина Стојаноска носител на ИЕ 6 на коалицијата “Обнова на Македонија”, премиерот, премиерскиот мандат го добива лидерот на партијата која што ќе освои најголем број на гласови. А не дали тој е Македонец, Албанец, Турчин, Србин и така натаму. Тоа е зацртано во закон и Устав, рече таа во емисијата “Топ тема” на телевизија Телма.

Исто така Стојаноска во реплика на кандидатката од редовите на СДСМ Фаница Николовска околу нивните чесни понуди на овие избори, посочи дека тие се истите оние “чесни” понуди од 2016-тата година, кога претседателот на СДСМ Зоран Заев се колнеше во жици и во деца дека името нема да го смени, но тој тоа го стори и тоа беше една од првите агенди на СДСМ.

-Заев тогаш не убедуваше дека името ни е проблем и дека ако го смениме ќе потече мед и млеко во државата. Ништо од тоа не се случи и да потенцирам во вашата програма од 2016-та година промената на името никаде ја немавте потенцирано, изјави Стојаноска.

Околу програмата за обнова на Македонија, Стојаноска посочи дека коалицијата се обврзува за зголемување на економскиот раст во државата што ќе значи раст на вработеноста и што ќе значи подигнување на животниот стандард на сите граѓани и квалитетот на нивното живеење.

-Друг приоритет во нашата програма е водењето на бескомпромисна борба со корупцијата и криминалот и секако конечно владеење и ефикасно спроведување на правото и правдата во државата. Ветивме и подигнување на БДП-то од 4 до 5 проценти годишен раст и 25 проценти покачени плати. Продолжуваме со нашите интенции за интеграција на Македонија во ЕУ, понатаму одржување на добри меѓуетнички односи што се особено значајни за нашата 6-та изборна единица, но тие односи да се базираат на меѓусебна толеранција и секако наша еднаквост пред сите закони и Уставот. Ќе продолжиме да инвестираме во здравството, во земјоделието и образованието, во информатичката технологија, во науката и во сето она што значи квалитетно живеење. И секако на крај ќе ја споменам заштитата и грижењето на животната средина кое што е алармантно прашање, не само за 6-тата единица, туку и за цела Република Македонија, децидна е Стојаноска.

 

Коронавирус