сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 89
home Вести

Стојаноска: Денеска Македонија победува и сите оние кои што живееле за нејзината правда и слобода

Стојаноска: Денеска Македонија победува и сите оние кои што живееле за нејзината правда и слобода

Штотуку го искористив моето според Уставот на Република Македонија загарантирано право на глас, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна носителот на Изборната единица 6 Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Гласав во основното училиште „Гоце Делчев“ во Гостивар, и горда што го споменувам името на овој македонски великан. Изјавувам дека денес е голем ден за Македонија, затоа што денес Македонија победува. Нека помине се во најдобар ред до вечер. А, вечер нека слави Македонија. Онаа Македонија на Гоце, на Питу и на сите кои живееле за нејзината правда и слобода, вели Стојаноска.

 

 

Коронавирус