сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 62
home Вести

Стојаноска: Четврти пат оваа Влада ми го одбива амандманот без образложение

Стојаноска: Четврти пат оваа Влада ми го одбива амандманот без образложение

Дафина Стојаноска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата при заседавање на Комисијата за финансирање и буџет предложи амандман со кој побара да се обезбедат средства во висина од 6 милиони денари за продолжување на обнова и конзервација на фасади во централното градско подрачје на општина Гостивар.

Заменик министерката за финансии Ширете Елези го одби амандманот поднесен од страна на Дафина Стојаноска.

-Значи она што досега во централното градско подрачје се рестарвира, а се однесува на фасадите во Центарот на Гостивар беше проект на министерството за култура од претходната влада. И јас веќе четврти пат го поднесувам овој амандман за време на мојот кус мандат од неполни две години и еве четврти пат ми се одбива. Што значи дека нешто што се започнало, што наишло на убав прием од сите граѓани на Гостивар, го разубави Центарот на градот но ќе остане сега една контрасна и можеби уште погрда слика. Бидејќи имаме ситуации куќа до куќа да има и едната да е реновирана, а другата да е оставена како што била, појасни Стојаноска.

Коронавирус