среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 75
home Вести

Стојаноска: Цените за здравствени услуги станаа најкапи во регионот

Стојаноска: Цените за здравствени услуги станаа најкапи во регионот

Министерот за здравство, Венко Филипче заедно со директорот на Фондот за здравство, Ден Дончев во нов милионски скандал. Повторно се полнат џебовите на поединци со народни пари, рече Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Филипче и Дончев наместо да обезбедат за граѓаните навремена и соодветна здравствена услуга, тие ги ограбуваат. Министерот и директорот на Фондот на почеток на годинава ја префрлија детската кардиохирургија во приватна клиника, а сега ги зголемуваат цените за кардиохируршки операции. Станува збор за цени повисоки од околу 20 проценти, а надлежните, замислете, се вадат со тоа демек се зголемиле цените на потрошниот материјал за кардиохируршки интервенции!

Таа истакна дека цените на останатите хируршки интервенции остануваат исти и се непроменети веќе долг период. Кардиохируршките операции, пак, кои се вршат во две приватни клиники во Скопје добиваат нови далеку повисоки цени. И за кардиохируршките операции кои се прават токму во овие приватни клиники цените се покачуваат два пати во текот на една година!

-Со ова покачување на цените, ваквите интервенции во Македонија станаа поскапи дури и од оние во болниците во регионот како Бугарија, Србија, Турција и слично. Ова е само уште еден дополнителен скандал во здравството. Филипче и Дончев го распродаваат здравството. Тие треба да бидат изметени со метлата на Заев, и тоа веднаш.

Коронавирус