сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 51
home Вести

Стојаноска: Ангеловска да одговори каде нејзините советнички се дополнително и именувани во управни и надзорни одбори

Стојаноска: Ангеловска да одговори каде нејзините советнички се дополнително и именувани во управни и надзорни одбори

На денешната собраниска седница за пратенички прашања, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска рече дека одговорите кои ги добила од министерката за финасии за нејзините прашања немале никави поедниечни бројки за тоа што таа побарала.Имено таа кажа дека министерката Ангеловска писмено ја информирала дека министерството за финансии не води ваков вид на евиденции и дека во 2018 има постапено по 3248 барања од буџетските корисници и по 2089 барања во ова 2019 година.

-Ниту добив одговор дали за сите барања е одобрена согласност со министерството, ниту колку од согласностите се однесувале за неопределено време и за кои институции, ниту пак со колку од одобрените согласности се ангажирани работници преку агенциите за привремени вработувања, а со колку преку договор на дело, посочи Стојаноска.

Таа во своето обраќање го потенцираше следното:

-Замислете чуварот на државната каса, креаторот и потпишувачот на соглсностите за вработувања не знае за кого, под кои услови и за каде потпишува согласности за вработувања, а законски рок за чување на согласностите односно позитивните мислења за вработувања е две години. Министeрката или навистина не води евиденција или не сака да одговори на моите поставени прашања.

Стојановоска укажа дека го повикала и премиерот Заев за одговор на нејзините прашања при што и тој можел да и помогне за да и дадат комплетен одговор.

Таа во своето обраќање побара писмено,табеларно да и се даде приказ за сите вработувања по сите институции со поединечни бројки и со наведувања дали се работи за вработувања на неопределено време или се работи за договор на дело или ангажиарањ е преку агенциите за привремени вработувања.

-Вицепремиерот Анѓушев вчера во Кавадарци излезе со бројки вработени во администрацијата и во приватниот сектор, како може Анѓушев да знае, а Ангеловска да не знае. Нека ги задолжи ако не сите буџетски корисници, јавни претпријатија и акционерски друштва како и АВРМ за ова што го барам или можеби повеќе е заинтерсирана и знае за тоа каде нејзините советнички се дополнително и веднаш именувани во управни и надзорни одбори, истакна Стојаноска.

Коронавирус