сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 0
home Вести

Стојанче Ангелов награден: Од в.д. директор денеска стана директор

Стојанче Ангелов награден: Од в.д. директор денеска стана директор

Стојанче Ангелов на денешната владина седница, последна пред летните одмори, е именуван за директор на Центарот за управување со кризи. Тој досега беше в.д директор како и најголемиот број директори на институциите.

На прес-конференцијата вчера, Ангелов, одговарајќи на прашањето за понесување на одговорност, тој порача прво да се изгаснат пожарите, бидејќи целата република гори, а доколку се утврди негова одговорност, тогаш ќе поднесе оставка и како што вели ќе замине од државата, ако не ќе бара извинување од новинарите.

-Ако се утврди дека сум потфрлил за пожарите, ќе си заминам од државава. Ако се утврди спротивното, ќе побарам извинување од сите новинари кои ме нападнаа и мојата мајка мораше да ги слуша сите тие работи. Земете истражете, не пишувајте шпекулации, рече тој и додаде дека штетата предизвикана од пожарите е материјална и таа ќе биде надоместена.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак, најавија дека ќе поднесат кривични пријави за ненавремено спречување на пожарот кај Кочани, а покрај името на премиерот Зоран Заев го споменаа и директорот Ангелов.

Коронавирус