понеделник, 9. декември 2019. Вести денес: 29
home Вести

Стојан Андов: По атентатот врз Глигоров, Тито Петковски едноставно го снема!

Стојан Андов: По атентатот врз Глигоров, Тито Петковски едноставно го снема!

Одамна не сме се виделе со Тито Петковски. Кога јас бев претседател на Собранието, тој беше потпретседател на Собранието. Тогаш соработувавме, вели во интервју за Пресинг Тв, Стојан Андов, поранешен претседател на Собранието на Република Македонија.

Притоа, Андов изразува и доза на разочарување.

Меѓутоа, ме изненади и за тоа ќе се распрашам, ќе видам и од него ако можам да ми каже зошто него, по атентатот (на претседателот Киро Глигоорв н.з.), извесно време, кога беа најбурните настани и расправи го снема едноставно. Јас не можев да го добијам. Го барав Тито, но него го немаше. Морав да го барам по болниците, каде бил, зошто го нема, нагласува Андов.

Интервјуто со поранешниот претседател на Собранието на РМ следува по објавувањето на неговата последна книга „До атентатот и по него“, чија промоција предизвика бура од реакции во јавноста. Во него Андов говори за атентатот врз претседателот Глигоров, за фактот дека за него не била спроведена никаква истрага, за исказите во обвинителството дадени многу подоцна, за обвинувањата на негова адреса…